24.6 C
Скопје
21:34 - 29 јули, 2026

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

Иако имаа несогласувања, актерот Лазар Бараков со трогателна објава се прости од својот долгогодишен колега и пријател Гоце Тодоровски, кој почина на 75-годишна возраст на 27 јули.

Бараков на Фејсбук сподели фотографија и напиша:

„МИР БОЖЈИ, Гоце. Замина со твојата величина кај другарите, се ослободи од земните тежести и неправди… Летај и пеј со ангелите и глуми со другарите…“

Во објавата тој сподели и постар статус на актерот Радован Охрид, во кој стои:

„Од вчера – двајцата заедно. Насмеани. Во иста приказна. Можеби не е сè како што изгледа во еден исечок од подкаст. Можеби контекстот е нешто што најчесто го забораваме. А можеби и најлесно е да судиме – без да знаеме. Да оставиме простор за вистината… и малку повеќе почит. Легенди.“

Пораката доаѓа само неколку месеци откако двајцата актери беа во центарот на вниманието поради изјавите на Гоце Тодоровски во еден поткаст, по кои Бараков јавно изрази разочараност. Сепак, по смртта на својот колега, тој ги остави настрана сите несогласувања и се прости со зборови полни со почит.

Гоце Тодоровски и Лазар Бараков беа дел од златната генерација на „Македонски народни приказни“, серијал што остави неизбришлива трага во македонската телевизија. Заедно поминаа повеќе од две децении на снимањата, создавајќи десетици незаборавни ликови кои и денес се репризираат и ги забавуваат гледачите.

Фото: Инстаграм/Лазар Бараков

Според податоците за серијалот, Гоце Тодоровски снимил повеќе од 250 епизоди на „Македонски народни приказни“, додека Лазар Бараков бил еден од актерите со најголем број појавувања во целиот проект, па практично поголемиот дел од тие епизоди ги снимале заедно како дел од истата актерска екипа.

Во интервју дадено пред неколку години, Бараков со носталгија зборуваше за тој период, велејќи: „Минав 20 прекрасни години во ‘Македонски народни приказни’ со Колозов, Ванчо, Гоце.“

Тој истакна дека токму тие снимања и дружењето со Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски остануваат едни од неговите најдраги професионални и животни спомени.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.

(Видео) „Сингл животот е супер, слободна девојка“: Сања Савеска откри детали за љубовта

Еспресо

(Видео) Нема да верувате колку години наполни Бојана Лазиќ: Три торти и раскошен букет за славеничката

Еспресо
Се вчитува....