13:20 - 27 ноември, 2026

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Музичарот Александар Станимировиќ, попознат како Аца Амадеус, ужива во нова љубовна врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ.

По турбулентниот период исполнет со јавни несогласувања со поранешната сопруга Снежана и ќерката Васка, музичарот откри дека повторно е среќен во љубовта.

Аца во неколку наврати на социјалните мрежи сподели фотографии со својата нова партнерка, а сега и јавно потврди дека нивната врска е сериозна.

„Конечно ја најдов љубовта на мојот живот! Знаете како велат, најмногу се сакаат првото дете и втората жена“, изјави Аца за „Информер“.


Тој откри дека Барбара е пејачка со која се запознал преку заеднички пријатели.

„Барбара е пејачка и многу е барана. Пее одлично. Се запознавме преку заеднички пријатели. Брзо меѓу нас се роди искрата, а сега слободно можам да кажам дека врската е сериозна и дека започнавме заеднички живот кај мене“, рече музичарот.

Освен приватно, Аца планира да ѝ помогне и во музичката кариера.

„Мојот брат Боки ѝ напиша песна, а „Амадеус бенд“ ќе ѝ ги направи аранжманот и продукцијата. Таа е една од најдобрите пејачки што сум ги слушнал во животот. Сметам дека е сосема во ред на личност со таков талент да ѝ дадам ветер во грб“, изјави тој.

На профилот на Барбара Бојовиќ на Фејсбук може да се видат и нивни заеднички фотографии, со кои не ја кријат својата љубов.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....