27.7 C
Скопје
19:38 - 20 јуни, 2026

(Видео) Татко може да биде секој: Тони Михајловски емотивно за односот со син му Александар

Тони Михајловски ја искоментира изјавата на неговиот син Александар, дека му фалел како татко.

Александар Михајловски, претходно во подкастот на Стефан Лазаров рече дека му фалел како татко во одреден дел од животот, откако се развеле неговите родители. „Никогаш не сум бил на одмор со моите“, рече младиот актер пред еден месец.

Александар Михајловски Фото / Инстаграм принтскрин

Сега, во истиот подкаст гостуваа Тони Михајловски и Игор Џамбазов, и Лазаров го праша Михајловски што би рекол по изјавата на синот.

-Јас отсекогаш мооте два сина, постариот, а сега и помалиот ги учам дека треба да го кажат она што го мислат. И мене ми фали тој период, не само на него. Меѓутоа успеавме некако во годиниве, да ги компензираме работите, па успеавме да изградиме еден многу здрав однос со Александар.

Ние сме другари пред сѐ, па колеги, па потоа дури на трето место доаѓа тоа татковството. Затоа што татко може да биде секој. Да се направи дете и не е многу тешка работа. Но, да бидеш човек, како што вика во „Варвари“ една реплика, ликот што го играм јас, е тоа е татко- рече Тони.

Тони Михајловски Фото / Инстаграм принтскрин

-Што мислиш ти дека татко ми Џамбаз имал време за мене кога сум бил мал. Па јас не го гледав татко ми-се надоврза Игор Џамбазов, а Тони Михајловски продолжи:

-Татко ми беше тракториста, па јас не го гледав. Она што Александар сега го сфаќа со својата работа, а тој и кажа дека сега ме разбира, што значи да се нема време, да не можеш да се посветиш на она што ти е тука пред очи.

Ние успеавме да станеме другари, успеавме да си изградиме вистината, секогаш може да ми каже што мисли, секогаш знае дека јас сум му најдобриот другар во светот, дека никогаш нема да го зезнам за три работи за коишто секој другар ќе киксне: тоа е женска, пари и позиција. За тие работи со мене е безбеден- рече Тони Михајловски. 

Слични објави

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.
Се вчитува....