17.8 C
Скопје
19:11 - 18 октомври, 2026

(Видео) „Сѐ е поврзано со ретроградниот Меркур, не грижете се“: Тејлор Свифт ги теши фановите за големата рана на раката

Американската пејачка Тејлор Свифт моментално е на турнејата „Ерас“, а пред неколку дена настапи во Хјустон, каде доживеала мала несреќа за време на концертот, која не остана незабележана од нејзините најверни обожаватели.

Свифт во добар дел од концертот пееше со голема отворена рана на левата дланка. Нејзините обожаватели веднаш го забележаа тоа, а на социјалните мрежи споделија неколку фотографии на кои јасно се гледа нејзината рана.

Фановите снимија и видео на кое се гледа како Свифт се обидува да ја покрие раната со завои и фластери, но безуспешно.

И пејачката се огласи по овој повод и напиша:

„За оние кои прашуваат како добив расекотина на раката, добро сум и тоа беше само моја вина. Се сопнав на работ од фустанот и паднав во темнината зад сцената додека трчав да се пресоблечам. Сето ова е поврзано со ретроградниот Меркур. Не грижете се за мене, добро сум“.

Слични објави

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....