22:10 - 7 ноември, 2026

(Видео) Принцот Хари е „труп“ во фудбал: Загуби од 63-годишен германски политичар

Принцот Хари не даде ниту еден гол на спортската емисија во Германија.

Принцот Хари гостуваше во спортска емисија на германска телевизија, каде играше фудбал со германскиот министер за одбрана.

Пред неколку дена најмладиот син на кралот на Велика Британија одлета во Дизелдорф за да настапи на Игрите Инвиктус, натпревар за поранешни воени лица што се одржува во различни земји на иницијатива на принцот Хари.

Во рамките на неговата посета, принцот беше и гостин на спортска програма, каде што „играше фудбал“ со 63-годишниот германски министер за одбрана Борис Писториус.

За време на „натпреварот“ учесниците мораа да реализираат пенал на импровизиран гол. Принцот Хари имаше три удари кон голот, но трипати промаши, а неговиот противник реализира два пенали последователно.

Војводата од Сасекс пред почетокот на натпреварот вети дека доколку загуби ќе го облече дресот на фудбалската репрезентација на Германија. Потоа, принцот доби и шал на баварскиот тим „Мајнц 05“.

Потсетуваме дека на почетокот на септември, принцот Хари присуствуваше на фудбалскиот натпревар помеѓу Лос Анџелес и Интер Мајами. Војводата од Сасекс внимателно ја следеше играта на Лионел Меси, „живо“ гестикулираше и се радуваше на победата на тимот на Интер Мајами кој го победи Лос Анџелес со резултат 3:1. Што значи, дека принцот е фан за добар фудбал, ама лично не е надарен за фудбалер.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....