15.8 C
Скопје
13:12 - 4 мај, 2024

Прва Млада Месечина оваа есен, во знакот на Девица: Што да (не) правите на 15 септември

девојка месечина

Во средината на септември, поточно утре, на 15 септември, пристигнува првата есенска Млада Месечина. Првата есенска Млада Месечина ќе биде во знакот Девица.

Периодот кога Месечината не се гледа на небото е неповолен, па затоа треба да бидете максимално внимателни.

Што треба да се прави на овој ден, а што треба да се избегнува?

Младата Месечина е време кога Месечината се обновува и го започнува својот нов циклус. Оваа фаза се смета за една од најинтересните – планетата е помеѓу Земјата и Сонцето, а во овој момент Месечината е практично невидлива од Земјата, бидејќи осветлената страна е свртена зад нас.

Лунарниот циклус трае приближно 29,5 дена, така што датумот на Младата Месечина е различен секој месец. Младата месечина во септември 2023 година ќе се случи на 15 септември во 04:40 часот, во знакот Девица. По правило, периодот на Млада Месечина трае три дена: претходниот ден, денот на Младата Месечина и ден потоа.

Со оглед на тоа што овојпат Младата Месечина ќе биде во знакот на Девица – таа сака јасност и ред во работите, мислите и емоциите. Ова секако е поволно за планирање на различни работи, и на професионален и на личен план, но може да се појави и силна желба да се воведе ред на оние места каде што се е хаотично. Младата Месечина во Девица ќе делува на нашето освестување, ќе не натера да се погледне пообјективно на нештата: не е така сè што изгледа!

Во овој период мора да бидете потолерантни кон несовршеностите во животот, и да не се мешате во „нередот“ на личностите со кои сте блиски, сакајќи вие да ги ставите во ред, зашто може токму тоа да предизвика големи конфликти и кавги.

Младата месечина не е најдобро време да започнете нешто ново, особено не нови важни работи. Можете да планирате, но сè уште не можете да дејствувате. Исто така, во овој период луѓето стануваат поимпулсивни и многу поемотивни, па затоа треба да ги контролирате емоциите.

Има уште неколку астро-забрани што не треба да ги правите на оваа Млада Месечина:

– Да не влегувате во расправии зашто можат да предизвикаат скандали

– Ако чувствувате дека ја губите контролата над вашите емоции, подобро е да молчите;

–  Немојте да размислувате за ништо лошо – негативните мисли можат силно да влијаат на одлуките и постапките;

– Не преземајте никаква дополнителна работа, на пример, избегнувајте големо чистење на домот, поправки и слично,

– Не ја зголемувајте физичката активност – можеби немате доволно енергија;

– Не помислувајте да го смените во овој период работното место,

– Не извршувајте големи трансакции со пари, не правете скапи набавки;

– Избегнувајте медицински операции, ако не се итни, како и козметолошки процедури;

– Избегнувајте конзумирање на алкохол и прејадување.

Исто така во ова време треба да ја минимизирате комуникацијата со енергетските „вампири“ и токсичните луѓе – тие се способни дополнително да ви ја одземат енергија, а – и тоа како – енергија ќе ви треба пред почетокот на новиот месец (октомври).

Што може да правите на оваа Млада Месечина

– Овој пат е одлична за ресетирање: додека Месечината не е видлива на небото, можете да размислите за сè и да поставите нови цели, а со растечката Месечина да почнете да дејствувате.

– Планирајте! Најдобро е да ги запишете сите ваши желби и соништа, колку повнимателно се обмислени, толку е поголема веројатноста дека сè ќе испадне како што е планирано;

– Исфрлете го „ѓубрето“ од куќата – ослободете се од непотребните и стари работи;

– Направете „чистење“ во животот – ослободете се од оние со кои се чувствувате непријатно, слободно напуштете ги врските што не функционираат или ве задушуваат;

– Простете ги сите навреди кои сте ги добиле од оние што ве навредиле;

– Откажете се од лошите навики;

– Остварувајте познанства со интересни луѓе.

Од една страна, Младата Месечина е време на одмор, тишина, мир и закрепнување. Но, од друга страна, во овој момент во нашите животи можат да дојдат и нови луѓе со одредена цел. Запомнете го ова, не оттурнувајте ги и не одбивајте комуникација, благодарение на ова може да имате многу нови можности.

Слични објави

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо
Се вчитува....