22:20 - 29 ноември, 2026

(ВИДЕО) ПРЕВРТУВА ОЧИ: Меган Фокс без зборови за детското однесување на Машин Ган Кели

МЕГАН ФОКС

Меган Фокс и Машин Ган Кели се честа тема во светските медиуми откако се во љубовна врска.

Актерката Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели со нивната љубовна приказна ја заинтригираа јавноста уште од самиот почеток.

СТАРИТЕ ФОТОГРАФИИ НЕ Ѝ ОДАТ ВО ПРИЛОТ: Што се случува со Меган Фокс?

Иако католичкиот Божик заврши, сепак Машин Ган Кели на „ТикТок“ објави празнично видео со својата сакана на кое игра со популарната играчка од 90-тите, „Bop It“. Додека парот стоеше пред елката во пижами, пејачот реши да им покаже на обожавателите како всушност да си играат со популарна играчка и во исто време се скрши.

Во позадина се слушна еден детски глас кој вели: „Ти го скрши!“. Но, многумина прашаа што е со реакцијата на актерката? Па, Фокс очигледно немаше зборови, само одмавна со главата во разочарување додека гледаше како се одвива сето тоа.

@machinegunkellyBreak it, I mean, bop it 🤪🎄♬ original sound – Colson

Урнебесното видео собра милиони лајкови и беше споделено десетици илјади пати за помалку од 24 часа.

„Ова е прекрасно. Мило ми е што уживате во времето заедно“, „Не можам да престанам да го гледам“, „Преслатки сте“, „Се гледа дека ви е забавно“, „Ова беше посмешно отколку што требаше“, се дел од коментарите под видеото.

Да потсетиме тие се пар наводно од мај 2020 година кога Меган поднела барање за развод од актерот Брајан Остин Грин со кој има три сина, а Мишел Ган Кели има 12-годишна ќерка Кеси од претходната врска.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....