04:23 - 9 ноември, 2026

(Видео) На Спасен Силјановски му се случи незгода на настап во Прилеп, Андријана Јаневска беше до него

На Спасен Силјановски му се случи мала незгода за време на концертот во Прилеп, со караванот „Македонијо, во срце те носиме“.

Спасен пееше на плоштадот во Прилеп со своите колеги: Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев.

И додека водителот ги читаше пејачите, а тие излегуваа на сцената еден по еден, Андријана и Спасен излегоа на сцената држејќи се за раце. Но, потоа Андријана го пушти Спасен, а тој се сопна и за малку ќе паднеше качувајќи се по скалите на бината.

Среќа што нашиот познат фолк-пејач брзо се исправи на нозете. Публиката во еден момент се насмеа, па потоа го поздрави со голем аплауз, како и колегите пред него.

Караванот на кој нашите пејачи пеат преработки на познати патриотски песни претходно беше во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар, па Прилеп. Повеќе од оваа случка можете да видите на ова ВИДЕО. 

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....