10:08 - 7 ноември, 2026

(Видео) Меган и Хари со порака до Елтон Џон за неговиот проштален концерт

Принцот Хари и Меган Маркл снимија видео порака до Елтон Џон пред неговиот проштален концерт на стадионот Доџер.

Војводата и војвотката од Сасекс се прикажани во видео преку кое му упатуваат убави зборови на пејачот пред концертот. Видеото беше емитувано во живо на Дизни+.

Заедно рекоа „Здраво Елтон“, а потоа Меган Маркл продолжи: „Само сакавме да ти честитаме! Ние сме толку горди на тебе и толку благодарни што можеме да те видиме на твојата проштална турнеја“.

Принцот Хари му се заблагодари на легендарниот музичар што ја забавуваше јавноста со децении и што беше пријател со неговата мајка, принцезата Дијана.

„Ти благодариме што си наш пријател, ти благодариме што си пријател на нашите деца. Иако официјално е твоето пензионирање, ова нема да биде твојата последна изведба и тоа го знаеме. Те сакаме и ти честитаме на твојата неверојатна кариера“, рече војводата од Сасекс.

Новинарите сугерираа дека видеото е снимено во канцеларијата на добротворната фондација на парот „Арчевел“. Принцот Хари носеше син костум и бела кошула, додека Меган носеше темно кафеав горен дел.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....