17.8 C
Скопје
18:34 - 18 октомври, 2026

(Видео) ДНК го „врати“ Врчак на музичката сцена, а новата песна руши рекорди: „Посреќна“ за 48 часа има  70.000 прегледи!

Новата песна на ДНК и Врчак стана вирална, а за неполни 48 часа песната има 70.000 прегледи!

Конечно се случи тоа што многумина со нетрпение го очекуваа – Раде Врчаковски  – Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена.

Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој.

Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе.

Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години.

Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година, ова е нивна песна по пауза од скоро една година.

За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна. Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано – „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други…

Инаку ова е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нивните најнови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види…

„Друштво, во име на Врчак, Андреј, Лазе и во мое име, Ви се заблагодаруваме од срце за нереалната поддршка која ни ја дадовте во изминатиов период и бевте наши големи мотиватори да излезе овој дует кој нема да биде и последен.  Иако бројките се небитни, 70.000+ прегледи за “ПОСРЕЌНА” за само 24 часа на Јутуб се нереални за македонски пазар, а уште повеќе со оглед на самиот пад на јутуб како платформа. Тоа е вистински показател за љубовта и поддршката која ни ја давате, за која бескрајно сме ви благодарни и немаме зборови со кои може да ви се заблагодариме. Со почит“, напиша Панчо на социјалните мрежи.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....