12.8 C
Скопје
21:20 - 25 септември, 2026

(ВИДЕО) 75% од младенците кои ЈА ИЗБРАЛЕ ОВАА ПЕСНА ЗА ПРВИОТ СВАДБЕН ТАНЦ СЕ РАЗВЕЛЕ: Случајност?!

Првиот танц е еден од важните ритуали на секоја свадба, симбол на нов почеток, така што сите младенци внимателно ја избираат песната со која ќе го изведат, а притоа истата има посебно значење за нивната врска. Сепак, според едно истражување, избраната песна може да ја означи иднината на тој брак.

Порталот „OnBuy“ спроведе истражување за да открие дали има врска помеѓу стапката на разводи и песните што младенците ги избрале за нивниот прв танц.

Тие анкетирале 5544 луѓе ширум светот која песна ја избрале и кој е нивниот моментален брачен статус. Потоа направиле список со 25-те најчесто избрани песни споредбено со брачниот статус, пренесува, „Honey Nine“.

Добиените податоци покажаа дека најпопуларна песна за првиот танц е „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли со 10,48 проценти од гласовите.

Сепак, од друга страна, се покажа дека песната што најчесто носи среќа во бракот е „Can You Feel The Love Tonight“ од Елтон Џон – 77 проценти од оние што ја избрале останале во брак.

Всушност, се покажа дека парот е поверојатно да остане во брак ако го играат првиот танц со хит од филмовите на „Дизни“, а повеќе од 70 проценти од анкетираните парови се во хармоничен брак.

Песните што им донеле среќа во бракот на младенците се исто така „ Isn’t She Lovely“ на Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight“ на Френк Синатра.

Од друга страна, песната што заврши со најмногу разводи е „One Things“ на групата One Direction – дури 75 проценти од паровите кои ја одбрале таа песна се разведени. Па, доколку се одлучивте за оваа песна за вашиот прв танц, можеби не е лошо да размислите малку повеќе.

На непопуларната листа на песни по One Direction следуваат „ I’m Yours“ од Jason Mraz и „Chasing Cars”  од групата Snow Patrol.

Слични објави

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.
Се вчитува....