22:11 - 8 ноември, 2026

Вака Жарко Лаушевиќ зборуваше за средбата со мајка си по 13 години: Беше тешко болна, но она што го кажа ги остави сите без зборови

„Таа веќе беше тешко болна кога се подготвуваше да се сретне со мене во 2013 година, по многу години. Не можеа, така мислеа, да сметаат на никаква рационална реакција од неа…“

По кратко и тешко боледување вчера почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ. Преку неговата книга „Сè поминува, па и доживотна“, читателите можеа да ја заклучат големата приврзаност на Жарко со семејството. Во една прилика откри какви спомени чува за својот татко.

„Тој беше високоморална личност и тивок човек. Живееше според законите на христијанската правда и никогаш не му се лутеше на животот. Се трудеше да не покажува емоции“, рече меѓу другото Лаушевиќ, а потоа зборуваше и за својата мајка:

“Мајка ми секогаш беше пресреќна кога бевме сите заедно, и како татко ми, загрижена кога не бевме. И секогаш го пресметуваше времето колку не сме се виделе. Таа веќе беше сериозно болна кога се подготвуваше да се сретне со мене , во 2013 година, после долги години. Не можеа, мислеа, да сметаат на никаква рационална реакција од неа. Речиси попатно ја прашаа: „Колку има откако не си го видела Жарко? Се јавува, богами, секој ден. А, колку време не си го видела??, ја прашаа погласно. „Има, богами, доста…“ Малку замолче, па додаде: „Тринаесет години и четири месеци“. Секако, сите околу неа беа шокирани бидејќи беа убедени дека никогаш повеќе нема да можат да добијат толку детални информации од неа, кога следеше нов шок, кога таа додаде: „И два дена“. Пресметката беше точна до ден“.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....