05:53 - 23 октомври, 2026

Џејда Пинкет Смит го прекина молкот за сексуалните наводи на Вил Смит со негов колега: „Ме праша дали верувам во ова“

Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, искрено зборуваше за тоа што мисли за обвинувањата кои ги искажа поранешниот асистент на Вил Смит- дека наводно тој ги „фатил на дело“ во сексуален чин актерот Смит (односно сопругот на Џејда) и неговиот колега Дуејн Мартин.

„Тоа е глупост“, започна Џејда во нејзиното интервју за „The Breakfast Club“. „Ова е лице (поранешниот пријател и помошник на Вил, Брадер Билал) што се обиде да заработи од него зашто нешто не функционираше“.

Таа продолжи понатаму дека правна постапка е единствениот одговор. „Ќе преземеме правни дејствија затоа што едно е да се има ваше мислење за некого наспроти тоа да се пласираат злонамерни приказни“, беше дециден одговорот на Џејда, инсистирајќи на тоа дека треба да се преземат правни мерки за вакво обвинување и дека тоа ќе го направат таа и Вил заедно.

Сличен одговор Џејда дала и ден порано. На прашањето на новинар на TMZ што мисли за наводите дека Вил бил фатен како има секс со друг маж, таа одговорила со два едноставни збора: „ Ќе тужиме“.

За време на нејзиното интервју за „The Breakfast Club“, Џејда проговори и за реакцијата на Вил. „Еве една добра работа за Вил. Нему секогаш ќе му биде тоа смешно. И мора да е така, затоа што е апсолутно смешно. Само треба да се смееш на тоа, знаете? Ми рече „веруваш ли во ова с*ање? и само се смеевме за тоа“.

„Радар онлајн“ пак, претходно оваа недела објави дека портпаролот на Смит ги отфрлил сите обвинувања, велејќи дека „приказната е целосно измислена, а тврдењето е недвосмислено лажно“.

 

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....