12:54 - 29 ноември, 2026

Вака Перо Антиќ го викаше Панчо: Кошаркарот скршен од болка по загубата на другарот

Перо Антиќ е скршен од болка по загубата на својот другар Владимир Блажев-Панчо од „ДНК“ кој почина вчера во болница во Скопје.

Поранешниот кошаркар, сега претседател на Кошаркарскиот сојуз на Македонија на социјалните мрежи, од Панчо се прости со интерниот прекар, џеџуле.

„Почивај во мир братче мое“ напиша Перо Антиќ во една објава. Во друга инстаграм-приказна тој напиша: „Џеџуле едно, не се договоривме вака“, со заедничка фотографија од него и од Панчо.

– Еднаш лежам дома, гледав натпревар дома со кумашинот и гледам Маја (сопругата на Панчо) врти и јас кревам… Ми се јавува џуџето (прекар за Панчо)… Прво нешто што ми кажа: „Кога ќе излезам веднаш ќе направам концерт за нив, за нив сите, за името да трае, за нивните имиња…“ Едноставно Панчо е таков. И побожен и сè. Жално е што ова се случува на добри луѓе во Македонија – рече Антиќ во поткастот на Бојан Јовановски (Боки 13) во јуни.

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....