12:42 - 29 ноември, 2026

(Видео) Tажна сцена од Босна и Херцеговина: Кучето на Халид Бешлиќ не јаде и не пие вода по неговата смрт

Покрај бројните колеги, пријатели и членови на семејството, смртта на Халид Бешлиќ многу го погоди и неговото куче Бенџо. Кучето живее во мотелот на Халид, а откако музичката легенда почина, тоа одбива да јаде и да пие.

Возачот на Халид, Владо Пејиќ, кој живее во мотелот, раскажа како Бенџо не може да ја скрие својата тага.

„Бенџо е кучето на Халид, старо 15 години. Веќе и тешко оди. Халид го нашол некаде на улица пред 15 години и го донесе овде, ние го одгледавме. Халид најмногу го хранеше, Халид му беше сè. 15 години тој се дружи со нас. Му дадовме име Бенџо. Сега е остарен, едвај се движи, но откако Халид се разболе, а особено откако почина, Бенџо ниту јаде ниту пие вода“, рекол Владо Пејиќ за Фејс ТВ Сараево.

„Едноставно не сака. Не сака. Нè служеше, си игравме со него 15 години, така што тој својата мисија кај нас ја одработи чесно. До овој момент веќе се јавија 2 или 3 ветеринари, слушнаа дека Бенџо е болен и дека не јаде, ќе дојдат да го прегледаат, да му помогнат што може да се помогне“, додал Пејиќ.

„Секој ден кога доаѓавме, тој нè дочекуваше. Нема да се тргне од паркингот, тој знае каде паркираме. Морам да излезам, да го погалам и речиси да го замолам да се тргне за да излеземе. Халид велеше ‘тоа е мојот Бенџо, тој нè следи насекаде’“, се присетил Владо.

Луѓето кои поминувале покрај мотелот по смртта на Халид го виделе кучето. Бенџо не сакал да им пријде на луѓето, шетал наоколу, а храната не ја ни погледнал.

@pecenjaradjilo2♬ original sound – Pecenjara Djilo

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....