7.8 C
Скопје
00:06 - 28 април, 2024

Вака Метју Пери зборуваше за канџите на зависностите: „Зошто само јас преживеав, мора да има причина за тоа…“

Во октомври 2022 година, Метју Пери рече дека е подготвен да зборува за своите зависности и да ја сподели вистината за својот живот.

Со ненадејната смрт на- за многумина – омилениот актер, се потсетуваме што зборуваше и колку храбро тоа го направи само пред една година.

Ѕвездата на „Пријатели“ (почина во саботата, на 54 години), особено сакан поради неговиот портрет на Чендлер Бинг во хит ТВ серијата Пријатели, напиша мемоари кои беа достапни во продажба лани, на 1 ноември, со детали за неговото животно патување исполнето со неверојатни издигнувања и страшни падови.

„Сакав да споделам сега кога сум безбеден од повторното влегување во темната страна на сè“, раскажа тој за „Пипл“. „Морав да почекам додека не бидам прилично безбедно трезен – и подалеку од активната болест на алкохолизам и зависност – за да го напишам сето тоа. А главната работа беше во тоа што бев прилично сигурен дека мемоарите ќе им помогнат на многу луѓе“.

Пери ги отвори своите мемоари со откритието дека за малку ќе умрел пред неколку години на 49-годишна возраст.

Јавно признавајќи во тоа време дека страдал од гастроинтестинална перфорација, актерот всушност поминал неколку недели борејќи се за живот откако му пукнало дебелото црево од прекумерна употреба на наркотици. Тој поминал две недели во кома и пет месеци во болница и морал да користи чесе за колостома девет месеци.

Кога првпат бил примен во болница, „докторите му рекоа на моето семејство дека имам 2 отсто шанси да преживеам“, се сеќаваше тој минатата година. „Ме ставија на нешто наречено ECMO машина, која го извршува целото дишење за твоето срце и за твоите бели дробови. Никој не го преживува тоа“.

Кога Пери за прв пат бил избран на кастингот за Пријатели, на 24-годишна возраст, неговата зависност од алкохол само што почнала да се појавува.

„Можев да се справам со тоа, некако. Но, кога имав 34 години, бев навистина вкоренет во многу проблеми“, призна тој.

„Но, имаше години кога бев трезен за време на снимањата на серијата. Сезоната 9 беше годината кога бев трезен цело време. И погодете која сезона бев номинирана за најдобар актер? Знаев дека тоа треба да ми каже нешто“.

Во еден застрашувачки момент за време на неговата слава со Пријатели, Пери земал 55 Викодин таблети дневно и паднал на 60 килограми. „Не знаев како да застанам“, рече тој. „Ако полицијата дојдеше во мојата куќа и речеше: „Ако пиеш вечерва, ќе те однесеме во затвор“, би почнал да се пакувам. Не можев да престанам затоа што болеста и зависноста напредуваа, стануваше се полошо и полошо како што стареев“.

Иако Пери се обидуваше да ја скрие својата состојба, драматичните промени во неговиот изглед секоја година ја одразуваа неговата трезвеност. Неговите колеги од актерската екипа „имаа разбирање и беа трпеливи“, додаде тој.

Пери зборуваше искрено и за неговите рецидиви – тој бил на рехабилитација 15 пати во текот на годините, а потоа станал добро упатен во алатките неопходни за одржување на трезвеност. „Сега сум прилично здрав“, рече тој минатата година, „јас сум прилично здрав човек во моментов“.

Во истото интервју за „Пипл“, направено во октомври 2022 година, Метју рече дена претпочита да не открива колку време е моментално трезен, и дека сепак го брои секој ден.

„Тоа е важно, но ако ја изгубите вашата трезвеност, тоа не значи дека ќе го изгубите сето тоа време што сте го минале работејќи на трезвеноста и стекнатото знаење“, рече тој. „Вашиот трезен датум се менува, но само тоа се менува. Знаете се што сте знаеле претходно, се додека сте во можност да се изборите за да се вратите, без да умрете, учите многу“.

Тој тогаш ги откри и неговите лузни: имал 14 операции на стомакот. „Тоа е голем потсетник да се остане трезен“, рече Пери. „Се што треба да направам е да погледнам надолу“.

Потоа раскажа и за неговиот поттик да престане да зема дрога. „Мојот терапевт рече: „Следниот пат кога ќе помислите да земеш Оксиконтин, само размисли дали ќе носиш ќеса за колостома до крајот на животот“, се сеќаваше Пери.

Лани Пери покажа поголема решителност од кога и да е, и се обиде да им помогне на другите кои се бореле со зависноста. „Таа ноќ беа ставени пет луѓе на ECMO машина, другите четворица умреа, а јас преживеав“, рече тој. „Значи, големо прашање е зошто? Зошто јас бев тој? Мора да има некаква причина“.

За оние кои ја читаат неговата книга, Метју рече – „Мислам дека ќе бидат изненадени од тоа колку е лошо во одредени моменти и колку бев блиску до смртта“, и додаде – „во книгата велам дека ако навистина умрам, тоа би ги шокирало луѓето, но никого нема да го изненади мојата смрт. Оваа болест ги напаѓа сите. Не е важно дали си успешен или не, на болеста не ѝ е гајле за тоа“.

 

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....