03:37 - 28 ноември, 2026

Утре, изложба на Сергеј Андреевски „Хартии“: дела од различни фази и тематски циклуси

Утре (четврток, 12 мај) во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, ќе биде отворена изложбата „Хартии“ од македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски.

Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.

Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови (од 1983 г.) па сѐ до последните патувања на Сергеј низ светот.

Најголемиот дел од сликите, цртежите и скиците се претставени на неколку континенти, но никогаш досега не биле изложени пред македонската јавност. Куратор на изложбата што ќе биде отворена до 12 јуни е д-р Кирил Пенушлиски.

Проектот е поддржан од Mинистерството за култура и од Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....