11.8 C
Скопје
14:53 - 21 април, 2026

(Фото) Убавата турска глумица Џансу Дере од „Сулејман Величенствениот“ има шанси да е жива! „Знаеме каде е глумицата!“

Веста дека разорниот земјотрес ги погоди Турција и Сирија се уште е главна тема во светот. За жал, многу луѓе ги загубија животите, како и покривот над главата. Има толку многу жртви што секој ден светот го тресат нови информации за жртвите, а овие денови беше актуелна веста дека меѓу исчезнатите е и познатата турска актерка Џансу Дере, на која ѝ се губи секаква трага по земјотресот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

Домашната публика Џанса ја запозна во сериите „Сулејман Величанстворени“, „Сили“ и „Езел“, а според досегашните неофицијални информации, актерката наводно е под урнатините. Но, пристигнаа нови информации денес, кои велат дека убавата Џансу Дере е жива и дека е видена како помага за преживеаните жртви од земјотресот. Пакува кутии, готви во кујна и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUSH.NEWS (@crushnews_es)

Надеж дека е жива дава и тоа штосемејството на популарната актерка се уште не се огласило по нејзиното наводно исчезнување среде катастрофата што ја погоди нивната земја.

Нема потврда ни дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм беше од 5 јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

„Знаеме каде е глумицата“ – пишуваат нејзините фанови.

 

Инаку, Џансу ја освои титулата Мис Турција во 2000 година, но натпреварот беше забранет од турската влада, бидејќи таа година се одржуваше на Кипар, во грчкиот дел на Никозија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

Џансу важи за една од најплатените актерки од Турција, а покрај актерството, Џансу продолжи да се занимава со манекенство, па често ги красеше насловните страници на модните списанија. Долго време беше вљубена во комичарот Џем Јилмаз, со кого беше свршена. Меѓутоа, голем скандал настанал кога дознала дека ја изневерил со нејзината најдобра другарка, со која набрзо добил дете.

По разочарувањето започнала врска со нејзиниот менаџер, но набрзо и тој ја оставил поради друга жена.

 

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо
Се вчитува....