10:42 - 9 ноември, 2026

Тужба за Ворен Бити за принуда на секс на малолетничка во 1973 година: „Ми зборуваше за губење на невиноста“

Една жена го тужела Ворен Бити, обвинувајќи го актерот дека ја принудил на секс во 1973 година кога била малолетна, пишува Холивуд Репортер.

Тужбата, поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес од Кристина Хирш, се однесува на Бити како „познат актер и продуцент“ кој беше номиниран за Оскар во 1967 година за неговата изведба како Клајд во „Бони и Клајд“.

Хирш вели дека Бити ја малтретирал на снимањето на филмот кога тој имал 35 години, а таа 14. Тој и го дал својот телефонски број и и рекол да му се јави кога ќе биде во близина на хотелот каде што тој престојувал во тој момент. Тужителелката, како тинејџерка, го направила тоа што ѝ го кажал и веднаш по нивната прва средба му се јавила на Бити.

Во тужбата се наведува дека Бити ја зел Хирш со себе на патување со автомобил, ѝ понудил да и помогне со домашните задачи и разговарал со неа за „губење на невиноста“. Хирш тврди дека Бити ја принудувал на секс неколку пати во текот на 1973 година. Нивната врска продолжи до крајот на годината.

Хирш посочи дека доживеала физички, психолошки и емоционален стрес како резултат на траумата поврзана со сексуалната злоупотреба во детството. Таа поднела тужба за сексуален напад, малтретирање и секс со малолетничка.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....