8.8 C
Скопје
02:04 - 29 септември, 2026

Тимот на Анџелина Џоли со нови шокантни обвинувања против Бред Пит: „Ја уценуваше да молчи за малтретирањето…“

Бред Пит тврди дека Анџелина Џоли тајно го продала својот дел од нивниот заеднички имот во Франција каде што имаат лозја. Сега пак, од таборот на Анџелина Џоли го возвраќаат ударот но со шокантни информации и обвинувања против Бред.

На војната меѓу Џоли и Пит не и се гледа крај.

Откако успеа да докаже дека Анџелина одбила да му ја продаде својата половина од француското лозје, затоа што е одмаздољубива, Бред Пит пред само два дена поднел нови судски документи.

Но, извор близок до актерката тврди за Page Six дека Џоли не го откажала договорот за лозје затоа што сакала да се инаети со својот поранешен сопруг, туку затоа што Пит се обидел да зборува за неговото наводно малтретирање на нивните деца.

Познато е дека Пит беше јавно обвинет за „гушење и удирање“ на едно од нивните деца за време на неславниот приватен лет во 2016 година, како и за „истурање пиво“ врз Џоли.

Цитирајќи ги судските документи поднесени во 2022 година, пријателот на Анџелина рече: „Вистината е дека [тој] одби да ја заврши продажбата на Миравал со Џоли, освен ако таа не се согласи да молчи за малтретирањето… Тој побара да се задржат 8,5 милиони долари (од неговиот дел од винаријата) за да ја принуди да молчи“. (Намерата, наводно, била Пит да задржи дел или сите 8,5 милиони долари доколку Џоли некому каже за тоа).

Извор близок до актерката додаде дека без разлика каков маневар се обидел да направи Пит, „не може да избега од фактот дека вербално и физички ја нападна госпоѓа Џоли и нивните деца, па дури и го гушел едното од децата, а другото го удрил“.

 

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....