35.8 C
Скопје
12:54 - 11 август, 2026

Тереза Кесовија се повлекува од сцената по 60 години: „Никогаш не дозволив животот да ме скрши“

Хрватската музичка дива Тереза Кесовија (87) се повлекува од сцената по повеќе од 60 години богата кариера. Големиот проштален концерт кој е веќе распродаден, ќе се одржи во недела, на 3 мај во Сплит.

Пејачката го најави повлекувањето поради здравствени причини, но истакнува дека гласот сè уште добро ја служи.

– Одамна сум во пензија, не можам повеќе да пеам како порано. Имав операции на колената, кои и понатаму ме болат, како и ‘рбетот. Сето тоа е тешко, но собирам сила и пеам. Тоа ми е најлесно. Гласот ме служи, само морам да внимавам и понекогаш да седам. На публиката не ѝ е важно дали стојам или седам, важно им е да ме слушнат – изјави таа.

Кесовија зад себе има години на турбулентен живот, исполнет со љубовни успеси, но и со болка. Нејзиниот најголем успех е синот Алан, кого го доби во бракот со Миро Унгар, југословенски пејач на шлагери и забавна поп-музика. Парот бил во брак цела деценија, по што и двајцата ја побарале љубовната среќа со други партнери…

Тереза и Миро Унгар се запознале случајно, откако тој се вратил од странство. Миро првпат ја видел во 1961 година во салата „Истра“.

— Сакав да видам што нуди домашната сцена. Без многу размислување отидов на концерт, а на сцена излезе една млада дама која пееше посебно, поинаку. За мене тоа беше релативно старомодно. Пееше некоја канцона, но милозвучно, убаво, пријатно за слушање — ми се допадна, иако беше различно од музиката што јас ја сакав и ја слушав… — раскажал Миро во една прилика.

— Јас сакав модерни песни од тоа време, џез, а нејзиното пеење немаше допирни точки со џезот. Сепак, таа на некој начин ме маѓепса со тоа пеење. Отидов во гардеробата за да се запознаам со неа — изјавил Миро за „Вечерњи лист“.

Романсата брзо започнала, а се венчале веќе следната година. Една година подоцна го добиле синот Алан. Семејството извесно време живеело во Париз, а по разводот во 1973 година се вратиле во Загреб.

— Се вратив за да бидам поблиску до синот, иако тој беше со мајка му. Кога нашиот дом се распадна, веќе немав мотив да останам во Франција — изјавил Миро во една прилика.

No photo description available.
Facebook

Тереза подоцна се омажила за ватерполистот Роналд Лопатни, а Миро се женел вкупно четири пати. Денес е во среќен брак со Сара Унгар, која е од него помлада 42 години.

Поранешниот брачен пар денес е во одлични односи.

Тереза во 2014 година се бореше за живот кога беше хоспитализирана поради сепса, а голема поддршка ѝ бил Миро.

— Тереза е борец и нема да се предаде. Таа во животот сè има пребродено и секогаш се извлекла — изјави тогаш Миро Унгар, а таа навистина излезе од таа битка како победник.

„Моето животно мото е: никогаш не се предавај, секогаш остани иста – остани своја. Едноставно, никогаш не дозволив животот да ме скрши. Пред ништо не сум клекнала.
Во животот, а особено во јавниот живот, покрај талентот кој е основа, мора да имате храброст и верба во она што го работите. Знам дека она што го правам е добро и во тоа секогаш давам сè од себе. А публиката тоа го препознава.
Кога постојат взаемна љубов и почит, тогаш нема потреба да размислувате за комерцијални трендови по принципот „по секоја цена“. Ако сакате да траете на сцената, тогаш нема такви калкулации.
Песната и интерпретацијата мора да траат, да бидат препознатливи и единствени – изјави Кесовија за Тпортал.

Слични објави

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

(Фото) Спомени што не избледуваат — обожавателка објави фотографии од Тоше Проески од концертот во Охрид во 2006 година

Еспресо

(Фото+видео) Тамара Тодевска ја дигна на нозе публиката во Охрид

Еспресо

(Видео) Социјалните мрежи „горат“ откако Јаков Јозиновиќ доживеа „дебакл“ на настапот во Будва

apostolova

(Фото) Дали го препознавате ова дете? Денес е еден од најпознатите виртуози на хармоника во Македонија

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во минијатурно бикини од 1.500 евра го покажа извајаното тело

Еспресо
Се вчитува....