9.8 C
Скопје
22:32 - 3 октомври, 2026

„Наташа Беквалац најмногу ме нервираше“ – Пејачката без влакна на јазикот проговори за колешката

Пејачката Анѓела Стојковиќ отворено зборуваше за својата кариера, жирито во натпреварувањето во кое учествуваше и болната семејна историја низ која поминала. Таа проговори и за Наташа Беквалац, за која вели дека на почетокот ја нервирала, но подоцна сфатила дека е прекрасна личност.

На прашањето кој од членовите на жирито најмногу ја нервирал за време на натпреварувањето во кое го освои второто место, младата пејачка призна дека тоа била Наташа Беквалац.

„Наташа Беквалац. Не се разбравме на почетокот, но на крајот да (смеа). Ми даваше малку бодови, некако имав чувство дека ме мрази и се прашував зошто. Меѓутоа, на крајот од натпреварувањето ме воодушеви. Ме повлече во еден момент на страна и ми рече: ‘Ти си победничка, ти победуваш’, така што Наташа е супер“, изјави Анѓела.

Мајка ѝ ја напуштила кога имала само една година

Пејачката за време на емисијата ја отвори душата и за чувствителниот однос со нејзината мајка, која ја оставила додека била бебе. Таа истакна дека денес се во добри односи и дека апсолутно ништо не ѝ замерува.

„Кога бев многу мала, имав околу една година, мајка ми си замина… Во контакт сум со неа и не ѝ замерувам ништо. Ако таа одлучила да биде така, нека биде така. Не можам да бидам лута. Таа има свој живот, јас мој. Се гледаме на шест месеци или една година“, објасни таа.

Анѓела додаде дека сега, како возрасна личност, ја разбира одлуката на мајка ѝ поради лошиот брак со нејзиниот татко.

„Татко ми се разболе и си замина за само една недела“

Најтешкиот удар во животот Анѓела го доживеала пред две години кога останала без својот татко, кој ѝ бил единствен родител и најголема поддршка. Тој трагично починал поради компликации настанати од расипан заб.

„За жал, не поминав доволно време со него и жал ми е што не го доживеа мојот успех. Се разболе и си замина за само една недела. Имаше огромен страв од забар. Забот се расипа, се создаде гној кој се слил во белите дробови. Тоа беше хорор“, раскажа пејачката со кнедла во грлото.

Таа додаде дека тагата не стивнува и дека во најтешките моменти потпора нашла во нејзината тетка, која ѝ ја заменила мајката во многу нешта.

Слични објави

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Еспресо

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо
Се вчитува....