10:24 - 13 ноември, 2026

Северина петпати била свршена, а вака зборуваше за бракот – „Уште не се родил тој…“

Пејачката Северина Вучковиќ во вторникот го прослави својот 54. роденден. Веќе со децении присутна на музичката сцена, таа ја освои публиката од сите генерации со своите безвременски хитови. Сепак, освен по музиката, често беше во центарот на вниманието и поради настаните од приватниот живот.

Нејзините љубовни врски со години предизвикуваа интерес кај јавноста. Хрватската телевизија (ХРТ) од својата архива извлече снимка на која Северина зборува за бракот пред многуте љубовни бродоломи. Снимката е од 2002 година, кога пејачката имала 30 години.

„Па, за тоа размислував на 20 години, како и сите. Всушност, прво на 10, па на 15, како ќе изгледа белиот венчален фустан, па романтика и сè тоа. Навистина ми е жал што не се омажив на 20 години, бидејќи како што минува времето, некако си велам, како сега тоа? Уште една четка за заби, па некој не ја затвора пастата. Мислам дека понатаму сè станува покомплицирано“, изјавила тогаш Северина.

На прашањето каков мора да биде мажот, таа одговорила:

„Мислам дека уште не се родил таков“.

Петпати свршена, а само еднаш стигна до олтарот Љубовниот живот на Северина често вклучуваше свршувачки, иако само една заврши со брак. Во 90-тите беше свршена со пејачот Ален Марин од групата „Којоти“, но до венчавка не дојде. Јавноста го памети и нејзиниот однос со Милан Лучиќ. Подоцна беше свршена со Среќко Варгек, но врската заврши пред бракот поради притисоци и несогласувања.

Низата свршувачки продолжи и со Матео Чуљак, со кого беше во врска околу година и пол. Потоа планираше брак и со Славко Шаиновиќ, но и таа приказна се распадна пред венчавката. Подоцна беше во врска со Милан Поповиќ, со кого го доби синот Александар и со кого исто така беше свршена, но парот по некое време се раздели. Единствениот брак го оствари со Игор Којиќ, со кого застана пред олтарот во 2015 година, но ниту тој однос не потраја и заврши со развод по неколку години.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....