21:18 - 8 ноември, 2026

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Пејачката Тања Савиќ никогаш не криела дека има несигурности поврзани со својот изглед, а сега открила дека планира да направи нова естетска корекција. Иако важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата, Тања признава дека постои нешто што одамна ѝ пречи и што сака да го промени. Таа открила дека планира патување во Турција, каде што сака да направи корекција на претходна интервенција.

„Јас сум човек кој сака да биде сам, таква сум. Одам во Турција да се средам, да направам сè што треба“, изјавила пејачката низ смеа.

Тања објаснила дека особено ѝ пречи како изгледа на камера.

„На камера изгледам како да сум целата искривена, ги кривам устата и лицето, а кога луѓето ќе ме видат во живо ми велат дека сум поубава“, рекла таа.

Пејачката додала дека досега сама се обидувала да коригира некои работи, но дека сега размислува за посериозна интервенција.

„Ова што го чепкав досега, го правев сама, тие филери под очите. Тоа мора да се поправи, но ќе мора и да се сече. Морам да соберам храброст“, признала Тања.

Таа претходно зборуваше дека има една естетска корекција направена пред неколку години од која не е целосно задоволна.

„Можеби никој друг не го забележува тоа, но мене ми пречи и додека не го решам, постојано ќе го гледам“, рекла пејачката.

Покрај грижата за изгледот, Тања открила и дека поради густите настапи често го запоставува сопственото здравје и одморот.

„Не спијам доволно, не јадам навреме и морам посериозно да се грижам за себе. Мојата работа е таква што штом воспоставам некој ритам, следуваат патувања или настапи и сè повторно се нарушува“, раскажала таа.

Сепак, пејачката вели дека е задоволна од бројот на настапи, но сака да има повеќе време за семејството.

„Повеќе сум од задоволна со бројот на настапи. Некогаш менаџерот ми става премногу работа, а тоа не ми се допаѓа. Сакам времето да го поминувам со семејството. Пари ќе има“, додала Тања.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....