23.8 C
Скопје
16:06 - 29 септември, 2026

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Пејачката и харфистка Сара Мејс со семејството го прослави роденденот на синот Кирил. Веселата забава беше организирана во друштво на семејството и најблиските другари, а меѓу гостите беше и Ведран, популарното „дете со маслинките“, кое е вистински хит на социјалните мрежи.

Сара сподели фотографии од прославата, на кои насмеаното семејство позира покрај роденденската торта со тематска декорација.

По тој повод, таа му упати и емотивна честитка на својот син.

„Среќен роденден, светлино мајкина, мој неверојатен пахицефалосаурусе, моја ненормално голема димензија на љубов. Те сакам до Месечината и назад“, напиша Сара.

Во истата објава им се заблагодари и на сите мали гости кои биле дел од прославата.

„Им благодариме на сите другарчиња што дојдоа и ја направија оваа забава незаборавна“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)


Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски се родители на две деца Кирил и Илина, а честопати преку социјалните мрежи споделуваат интересни семејни моменти.

Во едно интервју, Сара Мејс искрено прозборе како ја воспитува својата седумгодишна ќерка и како се справува со негативните коментари што се пишуваат за неа.

„Илина, во принцип, не седи на Инстаграм, јас не ѝ дозволувам. Ако јас некогаш треба да седнам на Инстаграм, тоа не е додека е таа до мене. Некогаш ќе се случи и да ми текне, па да го изгасам. Не гледам причина зошто таа да го гледа тоа, работи што јас ги следам, што мене ми импонираат, нема потреба. Некогаш тие се многу често убави и позитивни работи, концерти, на пример. Но тоа не сметам дека е нејзина работа. Мојот живот си е тоа, мој простор, значи таа ниту стасала да чита коментари, ниту да гледа што се случува. Некогаш знаело да ѝ биде чудно зошто некој ме познава мене или ја познава неа, па јас се обидувам како мајка да ѝ објаснам“, рече пејачката.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.
Се вчитува....