22.8 C
Скопје
13:25 - 28 септември, 2026

Срцето ми пукна од радост и убавина: Новости кај актерката Синоличнка Трпкова

По подолго време, актерката Синоличка Трпкова сподели што е ново во нејзиниот живот, на својот Фејсбук профил.
-Денес имав едно исклучително убаво доживување. Бев на проекција на новиот филм на Митко Панов, Железна Тврдина (Демир Хисар), каде играм поголема улога.
Да бидам искрена, останав стопена во столот, и немав желба да излезам од светот од којшто бев и самата дел. Срцето ми пукна од радост и убавина, зашто одамна немам нешто толку топло и човечно, вистинито, магично доживеано во кино сала.
Се’ што животот не’ тера да заборавиме, потиснуваме и негираме, овој филм го отворa полека, суптилно и нежно, потсетувајќи не’ дека на крајот од денот – сите сме обични луѓе.
Мојата улога во филмот е фиктивна и за прв пат играм таков, би рекла за мене – негативен лик, којшто е еден вид стереотип на човек преку кој се одржува системот. Сето останато во приказната е бескрајна убавина од човештина, заборавена и сокриена во прегратките на нашата природа.
Си помислив – колку треба да си и самиот човек за да можеш и како режисер, да ги видиш и да ни ги пренесеш работите, од кои упорно бегаме и пред кои ги затвораме очите, а кои единствено можат да ни го допрат срцето.
Филмот сѐ уште не игра во кино. Но кога ќе игра, веднаш ќе пишам. (фотките се приватни, од време на снимањето)“, напиша Трпкова, која стана многу популарна по хит-филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење“.
На една од сликите од снимањето на филмот со неа е и Игор Џамбазов, како и Васко Тродоров од К-15, облечен како Тошо Малерот.

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....