10:22 - 10 ноември, 2026

Вики Миљковиќ останаа без зборови поради сумата: Синот на пејачката собра 150.000 евра за роденденот

Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ Ташке во понеделникот на својот син Андреј му направија гала прослава за полнолетство во хотел со пет ѕвезди.

Покрај членовите на семејството, познатиот пар на прославата повика и голем број свои пријатели од јавниот живот.

Гостите на Андреј како подарок му носеа пликови, поради што синот на пејачката и хармоникашот заработил дури 150.000 евра.

„Андреј баш се збогати за роденденот. Естрадните ѕвезди воопшто не штедеа пари, како и членовите на нивните семејства, па пликовите само ‘светкаа’. Славеникот заработи многу пари, дури 150.000 евра, што е сериозна сума“, изјавил извор за „Информер“, па открил дека Вики и Ташке занемеле од сумата:

„Вики и Ташке никогаш не гледале на парите и тоа не ги интересирало, правеа прослава за да ги соберат драгите луѓе, но кога сè заврши не можеа да поверуваат дека Андреј толку добил пари и дека сите толку биле дарежливи. Сè на сè, семејството Ташковиќ е презадоволно од прославата и сè уште не стигнале да ги соберат впечатоците.“

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....