14.8 C
Скопје
00:53 - 18 мај, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршка корекција на уши – отопластика

Естетската корекција на ушните школки претставува една од најчесто изведуваните естетски операции во детската возраст. Корекцијата на ушните школки најчесто се прави поради следните причини: проминентност на ушните школки (клемпави уши); големина на ушните школки; несиметричност на ушните школки; вродени деформитети на ушите. Најчеста индикација за отопластика е еднострана или обострана проминентност на ушните школки или во јавноста позната како клемпави уши.

Д-р Живорад Коцевски
Специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија
Клемпави уши – отапостаза

Клемпавите уши (отапостаза) се состојба при која ушната школка е многу оддалечена од површината на главата. Клемпавите уши ретко се едностран деформитет. Најчесто се сретнува неправилност на двете уши. Изразеноста на клемпавоста се одредува во согласност со аголот на ушната школка во однос на мастоидната коска на главата. Според тој агол, клемпавоста може да се категоризира како сосема блага клемпавост (едвај воочлива) или пак силно изразена. За клемпави уши се сметаат оние каде што аголот меѓу ушната школка и главата е поголем од 25 степени.

 

Кога е најдобро време да се изврши оперативниот третман?

 

Клиничките студии направени во голем број европски земји покажуваат дека идеалното време за оперативен третман на клемпави уши е пред детето да тргне на училиште. Иако ваква корекција може да се направи и кога било подоцна во животот. Сепак, оперативниот третман не треба да биде направен прерано. Кај малите деца бидејќи ‘рскавицата на самата ушна школка е многу мека, ушите се многу свитливи. Сето тоа го отежнува моделирањето на ушната школка и затоа не се препорачува вршење на оперативен третман кај деца на возраст под три години. Најдобрата возраст е претшколската и тоа во периодот околу шестата и седмата година. Тогаш завршува развојот на надворешниот ушен канал, ‘рскавицата станува поцврста и овозможува подобро моделирање на истата. Од друга страна, периодот пред да тргне детето на училиште е погоден и бидејќи ќе се избегне детето да биде мета на потсмев од врсниците.

Оперативна техника

Оперативната интервенција може да се изведе во локална или општа анестезија. Кај мали деца оперативната интервенција се изведува под општа анестезија поради поголем комфор за изведување на оперативниот третман, додека кај поголеми деца и возрасни операцијата може да се изведува во локална анестезија. При интервенцијата се обезболува местото околу ушите. Од задната страна на ушната школка се прави рез, со цел да се пристапи на рскавицата од ушната школка. Потоа ‘рскавицата се ослободува од околното ткиво и се преклопува. По преклопувањето, таа се шие за сврзното ткиво кое се наоѓа зад ушната школка и на тој начин се коригира клемпавоста. Оперативната рана се шие, потоа се прави преврска. Постојат повеќе модификации на оперативната техника, но главно сите се засноваат на горенаведените основни постулати. Која оперативна техника ќе се искористи зависи од состојбата на ушните школки на пациентот.

Често поставувани прашања:

1. Дали ушните школки по операција можат да се вратат во првобитната позиција?

– Доколку не е направено ремоделирање на ‘рскавицата од ушната школка, или при голема проминенција на ушните школки не е направено ослободување на ретроаурикуларниот лигамент (лигаментот што ја држи ушната школка за површината на черепот), тогаш има ризик. Но, со изведување на претходно наведените процедури, не постои ризик.

2. Дали постојат компликации од оперативниот третман на клемпави уши?

– Како и кај секоја операција, компликации постојат, но со спроведување на горенаведените мерки што се однесуваат на: стерилност при изведување на операцијата, добра хируршка техника, добра постоперативна компресија и постоперативна нега, ризикот за компликации е минимизиран.

3. Зошто е потребно антибиотска терапија по операцијата?

– Антибиотската терапија е од големо значење бидејќи по операцијата на ушните школки, по поставување на завојниот материјал, 6 дена тој не се вади. Во тој период, антибиотикот е од големо значење за да се превенира инфекција од околната бактериска флора, која нормално постои на површината на кожата, како и поради потењето додека се носи завојниот материјал.

4. Дали може да се оштети слухот по изведување на операција на ушната школка?

– Во процесот на слушањето, ушната школка нема функција на сетило на слух, таа е наменета само да го изолира звукот што сакаме да го слушнеме. Во текот на операцијата нема ризик за повреда на слушното тапанче и средното уво, така што не постои ризик за оштетување на слухот.

5. Што треба да знае секој што сака да направи операција на ушните школки?

– Ушните школки претставуваат предилекционо место – место за зголемен ризик за развој на келоидни или хипертрофични лузни. Иако овие лузни се јавуваат кај помалку од 2% од пациентите кои подлегнуваат на оперативен третман, сепак пациентот треба да биде предупреден за можниот ризик по операцијата.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или консултација на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Род Стјуард се шета низ Белград како целиот нормален свет: Во фармерки и патики, кој би го препознал!

еспресо

Шокантно откритие: Јована Јеремиќ сподели кое е најчудното место каде што водела љубов

Еспресо

Северина завојува со познат свештеник: „Јас само имав добар секс, а тоа ти го посакувам и на тебе“

Еспресо

Луна ја покажа семејната идила: Вака Миљковиќ го поминуваат времето по скандалот со соседите

Еспресо

(Фото) Еве каде ѕвездата на „Гранд“ живеела со сопругот кој почина вчера: Станот полн со луксуз, во бањата има златна тоалетна школка…

Еспресо

(Видео) Зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Саша Поповиќ со скршена нога седи на столче, а водителот го турка

Еспресо
Се вчитува....