13:28 - 29 ноември, 2026

Откриено колку милиони долари „тежи“ Јелена Карлеуша! Од сумата ќе ви се сврти во главата

Светски познатата веб-страница „Celebrity networth“ своевремено откри колку се „тешки“ бројни познати личности, меѓу кои се најдоа и некои од овој регион, како Лепа Брена, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ, која важи за најбогатата српска пејачка.

Откако беше објавено дека богатството на Ражнатовиќ вреди 80 милиони, како и дека Драгана со 100 милиони долари е убедливо на првото место, на ред дојде и Јелена Карлеуша.

Богатството на пејачката се проценува на вртоглави 40 милиони долари.

На популарната веб-страница Јелена е опишана како една од најпопуларните пејачки на Балканот, чија кариера ја красат 12 студиски албуми, а добитничка е и на неколку музички награди.

Инаку, Карлеуша и Тошиќ пред неколку години купија вила од Драган Стојковиќ Пикси, која се наоѓа на Дедиње, вредна околу три милиони евра, каде Карлеуша сега живее со своите ќерки.

Покрај тоа што купил два имоти во Белград, поранешниот фудбалер Тошиќ изградил и куќа во Орловат, во местото каде што живее неговата мајка Николета.

Тошиќ, освен што поседува луксузни недвижности, заработи огромна сума како фудбалер кога потпиша договор за кинескиот клуб – Гуангџоу Р&Ф.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....