13:22 - 7 ноември, 2026

Скандалот со данското кралско семејство не стивнува: Принцот бил вљубен во снаата, се обидел да ја бакне пред сите

Последниве неколку недели, откако данската кралица Маргрета Втора одлучи на нејзините внуци да им ги одземе кралските титули принцови и принцези, постојано се пишува за конфликтот на данскиот двор.

Изворите тврдат дека всушност конфликтот во семејството започнал поради вљубеноста на принцот Јоаким во неговата снаа, принцезата Мери, која е мажена за неговиот брат. Наводно, Јоаким отишол дотаму што се обидел да ја заведе Мери на гала вечера, а неговото однесување предизвикало раздор во семејството, пренесува шпанскиот портал „Ванитатис Елконфиденсиал“.

Јоаким и неговата втора сопруга, принцезата Мари признаа дека имаат „комплициран однос“ со престолонаследникот Фредерик, постариот брат и со неговата сопруга, принцезата Мери.

Шведскиот женски неделник „Свенск Дамтиднинг“ дури објави и фотографија на која наводно се гледа како Јоаким се обидува да ја бакне сопругата на својот брат на една гала свеченост.

„Очигледно пијан, се чини дека Јоаким, најмладиот син на кралицата Маргрет се обиде да ги допре усните на својата снаа, иако таа се тргна од патот колку што можеше, не тргнувајќи ја насмевката од лицето, а Мари беше сведок на срамниот момент“, пишува овој магазин.

Исто така, во текстот се сугерира и дека данските медиуми набргу по венчавката на Фредерик и Мери во 2004 година, почнале да шпекулираат дека Јоаким е вљубен во својата снаа.

„Не помогна тоа што во 2007 година ја објави својата свршувачка со Французинката (принцезата Мари) со исто име и неверојатна физичка сличност“, пишуваат Швеѓаните, истакнувајќи дека Маргрет барала принцезите Мери и Мари заедно да излегуваат и да се појавуваат за да покажат дека меѓу нив нема лоша крв.

Во меѓувреме, кралицата Маргрет истакна дека жали што го повредила своето семејство со „тешката одлука“, но продолжи да инсистира дека тоа е вистинскиот избор. Данските кралски коментатори тврдат дека таквото јавно извинување е „многу необично“ и дека покажува колку е сериозен конфликтот во семејството.

Тие додале дека кралицата веројатно стравува дека јавноста ќе ја означи како „ледена кралица“ по емотивните испади на принцот Јоаким во кои тој истакнуваше колку се повредени неговите деца.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....