22:44 - 29 ноември, 2026

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се натпреваруваа во правење коктели: Што мислите, кој победи?

Кралската двојка Кејт Мислтон и принцот ВИлијам добиле прилично интересна задача при посетата на еден бар во Белфаст – да прават коктели.

На Кејт и Вилијам не им требало многу време да се зафатат со работа, па и двајцата брзо ги подготвиле состојките и потребните пијалаци и почнале да мешаат коктели.

Нивната задача била да направат коктел кој традиционално се нарекува „Up the Lagan in a Bubble“ Судејќи според фотографиите и нивните реакции, парот навистина уживал во оваа забава, а како што пишува „Дејли Мејл“, победата ја „извојувал“ принцот Вилијам, кој побрзо го направил коктелот.

Пијалакот е посветен на реката која тече низ Белфаст, а се служи со познатиот слоган „Јас не сум роден вчера“.

На крајот Кејт и Вилијам ги дегустирале своите коктели.

Кејт и ВИлијам се познати по учествување на слични настани. На почетокот на јуни годинава ги изненадија граѓаните на Кембриџ.

Кејт и Вилијам можеа да пробаат разни специјалитети, да ја видат воената изложба, но и да играат фудбал при што Кејт покажа завидни фудбалски вештини и шутираше на високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....