-3.2 C
Скопје
22:36 - 8 февруари, 2023

Сите предности на пачата (пивтија): Еве зошто е корисно да се јаде овој традиционален специјалитет

На Водици традиционално се јаде пача. Многумина се во заблуда кога мислат дека станува збор за калоричен и нездрав оброк. Не, напротив.

Еве зошто е многу корисно да се јаде пача.

Желатинот е протеински производ, безбојна или жолтеникава материја без мирис и вкус што се добива со варење на кожата, коските или сврзното ткиво на говеда или свињи, што на нашите простори е поврзано со подготовката на пача односно пивтија.

Говедски желатин

Говедскиот желатин содржи диететски колаген, пролин, глицин и протеини. Позитивно влијае на здравјето на кожата, косата и ноктите, помага при болки во зглобовите, ја затегнува кожата, добар е за дигестивниот и имунолошкиот систем, а се верува дека ја намалува појавата на целулит.

Една третина од сите аминокиселини во желатинот се глицин, кој е познат по своите антиинфламаторни ефекти, па затоа е добар за заздравување на раните, за регенерација на кожата, а благотворно делува и на квалитетот на сонот.

Лековитост и употреба

Покрај во кулинарството, говедскиот желатин се користи и за отстранување на многу здравствени проблеми. Има посебна примена како лек за проблеми со ‘рбетот, гихт, но и кога е оштетена’ рскавицата. Пролинот и хидросипролинот се ефикасни за обновување на сврзното ткиво, што исто така му се припишува на желатинот кој може да го зголеми растот и волуменот на сврзното ткиво.

Желатин за слабеење

Желатинот е нискокалоричен, го намалува апетитот, го зголемува чувството на ситост и помага доколку сакате да ослабете. Практично не содржи масти и јагленихидрати. Се препорачува да го вклучите во исхраната доколку го сакате најдоброто за вашето тело.

Ја спречува појавата на стрии

Употребата на говедскиот желатин ја спречува појавата на стрии бидејќи и дава цврстина и еластичност на кожата, а ги елиминира и најупорните стрии кои се појавуваат на стомакот и колковите. Што се однесува до целулитот, главниот адут на оваа храна е колагенот, кој го забрзува согорувањето на масните клетки под кожата.

Доколку сте пробале многу скапи козметички производи кои не го дале посакуваниот ефект, ви препорачуваме да пробате говедски желатин против целулит и резултатот нема да изостане.

Најдобар природен лек за зглобови и коски

Скелетот е еден од најважните органи на нашето тело, а науката верува дека нашето целокупно здравје може да се види во нашите коски. Ако сакате да избегнете фрактури на коските или, доколку се случиле, да ги излечите, пијте по една шолја говедски желатин секој ден за да ги зајакнете коските.

Покрај тоа што е богат со калциум, содржи и витамин Д, кој ја зголемува густината и квалитетот на коските, а со тоа ја намалува можноста за повторување на скршеници и повреди. Дополнително, значително ќе ја намалите можноста за добивање на артритис, а кога се во прашање природните лекови за остеопороза, желатинот дава феноменални резултати.

ЗАТОА, СЛЕДНИОТ ПАТ КОГА ЌЕ ПОДГОТВУВАТЕ ПАЧА, ПРОБАЈТЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ ОД ГОВЕДСКИ НОЗЕ.

Слични објави

(Фото) Нашата Тијана Петреска се враќа со титула од светскиот избор за најубава студентка

Еспресо

(Фото) Мадона во нејзин стил се пресмета со зајадливите коментари – „Поклонете се кучки“

Еспресо

(Фото) Тажното писмо на Бланко со кое се извинува за скандалот на Сан Ремо: „Ве оставив во солзи како мајка ми, ме видовте кревок како дете…“

Еспресо

(Видео) Полуден пејач направи ‘ршум на Сан Ремо, ја шокираше публиката, го испратија со свирежи

Еспресо

Ѕвезите ќе им помогнат: Два хороскопски знаци многу брзо ќе ги исполнат соништата

Еспресо

Славчо Попоски: Грч студени утра, висок воздушен притисок, а еве кога ќе има мал пораст на температурите

Еспресо
Се вчитува....