11.8 C
Скопје
00:32 - 4 мај, 2024

Сите детали од документарецот за Памела Андерсон: Го изгледавме и ви го раскажуваме

Од вчера на Нетфликс конечно е достапен документарецот посветен на Памела Андерсон, холивудската дива од 90-тите, насловен „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, a love story).

По бројните гласини, претпоставки и разни озборувања, еве ја верзијата на нејзината сопствена приказна. Минатата година, телевизиската серија „Пем и Томи“ на Хулу со Лили Џејмс и Себастијан Стен предизвика многу дискусии. Изборот на Дизни да направи ТВ серија посветена на Памела Андерсон немаше да предизвика толкав метеж доколку фокусот на серијата беше поинаков. Серијата е целосно фокусирана на кражбата и нелегалната дистрибуција на жешкото домашно видео направено од сопружниците Памела и Томи Ли, за време на нивниот меден месец. Видеото е украдено од домот на парот заедно со други лични работи и дистрибуирано на интернет без нивна согласност. Деликатното прашање уште еднаш ја допре чувствителноста на вистинската Андерсон, поттикнувајќи ја да ја објави својата верзија на настаните, нејзината лична претстава за болката.

Во „Памела, љубовна приказна“ Андерсон прикажува дефинитивно болна слика за нејзиниот живот полн со злоупотреба и насилство. Со документарецот на Нетфликс ја дознаваме вистината и болката што се крие зад блескавата насмевка и платинестата коса на убавата актерка. Очигледно останува отворено прашањето – Што ако тоа видео никогаш не беше објавено? Што ќе се случеше со најпопуларната двојка во тоа време и како ќе се развиваше кариерата на Памела? За жал, остануваат само прашања.

Отворено за страдањата

Памела Андерсон во последните години никогаш не ги криела страдањата и претрпените неправди. Можеби само кога беше на почетокот на кариерата целосно ја криеше болката зад својата блескава насмевка. Како што може да се забележи во последните интервјуа дадени од актерката, таа никогаш не се криела зад прикриени шеги, туку секогаш признава што ја вознемирувало и што ѝ правело да се чувствува непријатно.

Природна и без шминка

Во „Памела, љубовна приказна“ конечно нема филтри, Андерсон избира да ја раскаже својата приказна во целост преку нејзиниот глас без да носи ни трага шминка на лицето. Можеби за многумина тоа ќе биде сосема различно од колективната имагинација што сè уште ја имаме за Андерсон, многумина ја паметат дивата само по нејзината улога во Baywatch и затоа би можеле да бидат разочарани. Но таа самата одбрала да изгледа природно во документарецот. Имајќи предвид дека документарниот филм има за цел да ги отфрли митовите, да ја хуманизира Андерсон, која медиумите и обожавателите често ја третираат како икона, и да ја раскаже нејзината страна на приказната. Затоа ваквото себепретставување може да биде само вистинскиот избор. Андерсон и без шминка останува прекрасна жена.

Приказната на Памела е спонтана и без форсирање. Актерката избира да ја раскаже својата приказна во свое време и без премногу дигресии. Честопати сликите наизменично се менуваат помеѓу фотографии од минатото, секвенци од сегашноста и многу, многу секвенци на VHS касети.

Покрај сликите, приказната е поткрепена и со многубројните патувачки дневници на Памела. Уште како дете, Андерсон ги опишала најзначајните настани од нејзиниот живот на парче жолта хартија, еден вид бележник кој потоа го каталогизирала според периодот.

Враќање во малото гратче, живот близу до родителите

Сите дневници ги чувала во во Лејдисмит (Канада) родниот град на Памела. Ова е мал град покрај езеро. Како што вели актерката: „сè е на две минути возење во Лејдисмит“. Тоа е изолиран, тивок и мирен град. Град кој живее од риболов и сопствени ресурси. Идеалното место за бегство и пронаоѓање на внатрешниот мир што таа го бара. Во тој град со само 7583 жители, Памела избра да се врати да живее. Во моментов, Андерсон, за време и после пандемијата, одлучила повторно да се зближи со нејзините родители и да биде покрај нив, за да може да им помогне кога им е потребно. За време на снимањето на документарецот таа ги реновирала домот и е убедена дека ова е единственото место каде навистина се чувствува како дома.

Изборот на Нетфликс е да го врати и претстави целиот живот на Памела, од раѓање до денес, не штедејќи ништо. Наративниот глас е на Памела Андерсон, сладок, пријатен и чист. Памела веднаш го смирува гледачот. Покажува сапун и вода, облечена во едноставна облека и светли тонови. Таа избира да ја отвори вратата од нејзината куќа за јавноста за конечно да ја запознаат целосно. Таа не сака да ги избегнува најнепријатните прашања, едноставно избира кога да ги каже, со свое темпо.

Презентирањето на настаните се одвива по хронолошки редослед со некои скокови во сегашноста. Памела почнува да ја раскажува својата приказна почнувајќи од злоставувањата кои ги трпи уште од мала. Односот меѓу нејзините родители отсекогаш бил прилично турбулентен: нејзината мајка била подложена на физичко и психичко насилство од нејзиниот сопруг. Таткото на Памела бил  таканареченото „лошо момче“ од градот, сакан од сите девојки, но тешко поднослив. Иако мајка ѝ постојано се обидувала да го остави, на крајот секогаш доаѓала дома. Родителите на актерката се се уште се во брак и според Памела „љубовта отсекогаш преовладувала над сè друго“. Во оваа комплицирана ситуација најмногу настрадала Памела која се грижела и за својот помал брат. Андерсон го опишува злоставувањето што го претрпела бебиситерката кога била дете и сексуалниот напад што и бил нанесен кога имала 12 години. Сама за себе вели дека се чувствувала  „валкано“ и дека „не го контролира своето тело“. Болката што во себе ја чувала толку години ја обележала засекогаш и е невозможно целосно да се надмине. Андерсон избра да се справи со тоа така што ќе ја врати контролата врз своето тело.

Од Playboy до Baywatch еве го животот на новата Памела

Памела Андерсон лежерно го споделува своето искуство и во Плејбој и меѓу актерите на Baywatch. Плејбој направи Памела да стане добро познатото лице што сите го знаеме денес, оскудно облечена на насловните страници, но Плејбој ѝ даде и нов живот. Благодарение на фотографиите направени за Плејбој, Памела ја врати контролата над своето тело.

19-годишната девојка сфатила дека може да избере како да позира, колку да се покаже и под кои околности. Актерката објаснува дека фотографирањето за списанието ја натерало да сфати дека позирањето значи да глуми одреден лик. Секој пат кога ќе застанела пред фотообјективот, таа не била Памела туку нова девојка, секој пат различна, со минато различно од нејзиното и со иднина која треба да се открие.

Можеби не секој знае дека Памела всушност нема платинесто руса коса, туку нејзината коса природн е пепеласта, повеќе кон светло кафена. Но таа првпат ја исфарбала косата во светло руса пред да оди во вилата на Плејбој. Но, резултатите не биле како што очекувала. Така, за жал, добила сламена руса коса, неупотреблива за фотосесија и навистина грда за гледање. Затоа, тимот на Плејбој ја трансформирал косата на Памела во актуелната легендарна нијанса – платинеста руса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)

Вртоглаво брз успех

Успехот стигнал одеднаш од Плејбој до Бејвоч, скокот бил краток. Бејвоч беше и круната на нејзината кариера, но и Дамокловиот меч за Андерсон. За жал, Памела засекогаш остана заробена во ликот на Си Џеј. Серијата ѝ донесе светски успех, но и сосема ја искористи и зароби во улогата. Толку многу, што многумина почнаа да мислат дека Си Џеј и Памела се иста личност, повеќе немаше поделба меѓу личноста и карактерот, тие две беа поврзани и се преклопуваа. Така Памела имаше малку простор за глума и многу простор да го покаже своето тело. Baywatch го воздигна физичкиот изглед и естетската убавина на своите протагонисти на сметка на личноста. На крајот на краиштата, како што призна Памела, серијата можеше да се гледа и без аудио, зашто немаше многу заплети. Сепак, сеќавањата на Памела на серијата се позитивни. Таа не носи никаква лутина, чува убави спомени и од нејзиното професионално искуство и од односите воспоставени со остатокот од актерската екипа. Таа, исто така, имала неколку врски со некои машки ликови од Baywatch, но не сите од нив долготрајни. Значи, ако очекувате да ја видите во документарецот Памела која би се бунела против сексизмот на Baywatch, сте се излажале. Андерсон нема поплаки за серијата која и го одбележа животот. Штета што нејзината кариера остана ограничена на таа ТВ серија.

И покрај сета болка што Памела Андерсон ја претрпела и ја призна во текот на речиси два часа од нејзиниот документарец, филмот избира да ја спушти завесата со новиот живот на актерката, оној на сцената на Бродвеј. Пробив што Пем отсекогаш го посакувала.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....