13.8 C
Скопје
19:02 - 23 април, 2024

Што ви порачуваат ѕвездите за 30 јуни: Забавете го темпото и прилагодете ја брзината

Овен
Денес треба да уживате и да не претерувате. Јадете поздраво. Како и досега, правете сè совршено, без грешки. Колегите ве поттикнуваат да започнете нов проект. Би било добро да се фокусирате на љубовниот живот, а не само на работата. Саканата личност бара повеќе внимание од вас.

Бик
Ќе имате повеќе обврски, но барем направете го она што е приоритет. Чувствувате пад на енергијата. Поминувајте повеќе време со некој на кој му верувате. Прилагодете се на колегите. Не мора да биде сè што сте замислиле. Многу сте друштвени. Не ги занемарувајте пријателите поради обврски.

Близнаци
Ќе бидете задоволни што се однесува до работата. Лесно доаѓате до пари. Угодете си себеси и одморете се повеќе попладне. Можна е главоболка. Имате потреба да бидете подобри од другите. Не ви е лесно да дојдете до одлични резултати, но важно е да не се откажувате.

Рак
Вие сте креативни. Неодлучни сте за некои важни одлуки во вашиот живот. Љубезни сте кон соработниците и наоѓате компромис. Размислете дали е сѐ како што треба во односот со пријателите. Запоставувате блиски луѓе поради лоша организација. Обидете се да се посветите повеќе на обврските надвор од работата.

Лав
Многу сте тврдоглави. Обидете се убаво да се договорите со другите за деталите поврзани со работата. Би било добро да не внесувате премногу емоции во работата. Важно е да сте независни во сè што правите од другите. Смислете оригинален начин за да се истакнете како подобар соработник. Оптимисти сте и денес ви оди добро.

Девица
Во љубовта сте страсни, па можна е авантура или некоја нова врска. Ако сте во врска, малку сте љубоморни, но важно е да не ги преувеличувате проблемите во врската. Бидете реални. Дипломатските договори на работа ќе вродат со плод. Ќе ви биде лесно да постигнете добри резултати. Колегите можат да ви помогнат.

Вага
Нетрпеливоста и импулсивноста намалете ги на минимум за да избегнете поголеми неволји. Си давате слобода да ги барате заслугите што не сте ги заработиле. Време е да ја пронајдете убавината во откажувањето и давањето, дури и ако симболично подарувате мали нешта.

Скорпија
Вредни сте и одговорни. Обидете се добро да се организирате. Стресот на работа може да биде проблем во вашиот приватен живот, па не претерувајте. Бидете поумерени. Поминете повеќе време со саканата личност, ќе уживате. Склони сте да го критикувате партнерот, но размислете дали сето тоа е навистина неопходно за добра врска.

Стрелец
Имате голема самодовербa и силна интуиција. Фокусирајте се на работата. Ако сте љубезни со другите, тие можат да ви излезат во пресрет. Организирајте се подобро на работа и генерално во животот. Оние во врска, склони се кон флерт. Комуникавитни сте, но не претерувајте во правењето услуги на другите луѓе.

Јарец
Со арогантен однос иритирате средина која има се помалку трпение за вашето однесување. Доколку не се прегрупирате на време, во текот на денот може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве засрами. Забавете го темпото и прилагодете ја брзината. Во спротивно, брзо ќе „согорите“.

Водолија
Дадете го својот максимум и завршете ги сите обврски навреме. Ќе си докажете себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не се жалете затоа што не сте безгрешни. Поради ваши негативни мисли ќе се чувствувате како целосен неуспех и губитник, иако овој период, рака на срце, е многу успешен за вас.

Риби
Некоја блиска личност може да ви даде совети што злато вредат. Никако не можете да постигнете компромис со партнерот околу една работа. Потрудете се да се фокусирате на работата. Бидете амбициозни. Сепак, бидете внимателни, секоја комуникација во форма на писмени пораки може да се претвори во недоразбирање.

Слични објави

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо
Се вчитува....