21:51 - 7 ноември, 2024

Што се случува со Меланија Трамп, открива поранешна помошничка: „Точно знаеше со кого се омажи, нивниот брак е трансакциски!“

Меланија Трамп ретко се гледа во јавноста откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп објави дека ќе се кандидира за претседателските избори во Америка во 2024 година и откако против него беа покренати бројни обвиненија. Таа последен пат се појави на забава по повод Ноќта на вештерките на имот во Флорида. Дали навистина го поддржува сопругот или не, и што се случува со нивниот брак кој трае од 2005 година?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump Fan (@melaniatrump.fp)

Појавувањето на забавата за Ноќта на вештерките беше прво заедничко појавување на двојката Трамп по седум месеци. Меланија Трамп ги следи активностите на нејзиниот сопруг и не се двоуми да го каже своето мислење, пишува The Washington Post.

Трамп оваа година се соочи со неколку обвинувања,  вклучително и наводи поврзани со исплата на пари, доверливи документи, мешање во изборите и „водење на акција“ за поништување на изборите во 2020 година.

Што всушност се случува со Меланија Трамп, открива Стефани Гришам, нејзината поранешна асистентка, која вели дека поранешната прва дама на Америка е помалку вознемирена затоа што нејзиниот сопруг се обидел да го поткупи молкот на Сторми Даниел, со која имал интимни односи додека Меланија била бремена, а вознемиреноста се должи само поради тоа што била посрамотена во јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump Fan (@melaniatrump.fp)

Иако не се појавува на судски рочишта со сопругот, таа е со него, тврдат извори.

„Никаква контрола, лажење, крадење, што и да е, нема тоа да го промени. Беше покрај него и ќе биде затоа што е иста како него. Тоа е целосно трансакциски брак за двајцата. Точно знаеше за кого се мажи и го предупреди дека сите негови тајни ќе излезат на виделина ако се кандидира за претседател“, додава Гришам.

„Точно знаеше во што се впушта. Таа тоа го прифати и продолжува да го прифаќа. Луѓето би биле изненадени колку тие двајца се согласуваат. Секогаш велеше дека ќе го направи тоа што го сака. Беше тоа начин да се заштити, а никој да не знае која е всушност таа“.

„Госпоѓа Трамп секогаш била и секогаш ќе биде фокусирана на своето семејство, зашто тоа ѝ е на прво место. Сите кои тврдат дека имаат увид во нејзиниот живот, треба да бидат внимателни со тоа“, рече портпаролот на Доналд Трамп за Вашингтон Пост.

Слични објави

Со години молчела за ова: Мајката на Новак Ѓоковиќ строго им забранила една работа на сите во семејството

Еспресо

(Видео) Ги збуни американската историја: Јована Јеремиќ доживеа гаф со сопругот среде вклучување во живо

Еспресо

Ава Карабатиќ откри дека минува низ најтешките моменти во животот, го цитираше Трамп: „Се држам до овие негови изјави“

Еспресо

Ги полуди Србите: Јелена Розга стана рекордерка на векот во Белград, го најави седмиот концерт во Сава центар

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ проговори за неговото здравје: Музичарот е видно ослабнат и непрепознатлив!

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ го прослави 37. роденден во прегратките на сопругот, тенисерката се разголе во црн фустан

Еспресо
Се вчитува....