3.8 C
Скопје
14:16 - 5 декември, 2023

(Видео) Бјелогрлиќ: „Србија е киднапирана држава, Вучиќ е автократ кој создава цела низа полтрони“

Српскиот актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ гостуваше во емисијата „Недељом у 2“ и отворено го искажа своето мислење за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но и дека верува, и покрај заробените медиуми и заплашувања, дека во Србија ќе има промени по изборите.

На прашањето дали е паметно што гостува на ХРТ, и дали поради тоа може да очекува напади во Србија, Бејлогрлиќ одговори потврдно, и додаде дека на тоа веќе се навикнал.

„Ќе има напади сигурно, ги очекувам многу бргу. Јас веќе долга низа години сум изложен на тој таблоиден линч, и не само таблоиден, мене пратеници во собранието во Белград ми рекле да си одам од Србија. Го напаѓаа, за жал, и моето семејство и децата. Тоа на почетокот ме болеше, но сега се навикнав“, објасни.

Бјелогрлиќ својот ангажман во јавност повеќе го смета за општествен, отколку за политички.

„Ова што јас го правам со група луѓе повеќе е општествен ангажман, отколку политички“, вели тој.

Бјелогрлиќ понатаму во емисијата вели дека во Србија има криминализација на општеството и дека репресивниот апарат е поврзан со криминални кругови.

„Ја имаме оваа огромна криминализација на општеството. Имаме полицајци за кои има јасни докази дека соработувале со криминалци. Тие не се санкционирани, овие работи се игнорираат. Имаме голема неправда и двојни стандарди“, рече тој.

Тој додаде дека „медиумите ги линчуваат сите оние кои се осмелуваат да кажат нешто“.

„Имаме агресивен владин наратив и насилство што навлезе во секоја пора на општеството, како и сиромаштија“, рече Бјелогрлиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Бјелогрлиќ го нарече автократ, а Србија ја окарактеризира како земја со „хибриден режим“. Тој изјави дека со својот „автократски профил на личноста“ претседателот Вучиќ „создаде цела низа полтрони“.

Тој истакна дека уметниците имаат обврска да зборуваат јавно за општеството во кое живеат.

„Не мора да зборуваат за политика, но мора да зборуваат за општеството. Не се согласувам со колегите кои сметаат дека, бидејќи се уметници, не треба да се занимаваат со политиката и општеството“ рече Бјелогрлиќ.

На прашањето дали е за влез во ЕУ, Бјелогрлиќ одговори – „апсолутно“, а за љубовта на Србија кон Русија објасни:

„Тоа е ирационална стварност! Врската со Русија е чудна и таа во основа не постои! Кај некои луѓе таа љубов е малку поголема и тоа, не е проблем, туку дезориентираност“.

 

Слични објави

Почина поранешниот клавијатурист на „Бијело дугме“ Владо Правдиќ

Еспресо

Почина позната порно-ѕвезда: Спиела со повеќе од 80.000 мажи, дечкото ѝ починал пред две недели

Еспресо

(Фото) Шокантно ослабната! Опра Винфри конечно ги победи килограмите: Неверојатно витка во тесен фустан ги освои сите аплаузи

Еспресо

(Видео) Пријовиќ на сцена со Брена и Розга, публиката во делириум: „Тоа е тоа, ајде да се сакаме…“

Еспресо

Ретрограден Меркур ќе ви ги уништи плановите: Четири хороскопски знаци ќе се соочат со измами, разделби, скандали, па дури и со отказ на работното место!

Еспресо

Одби да ѝ биде гостинка на концерт на Пријовиќ: Зошто Тања Савиќ ѝ рече „не“ на Александра

Еспресо
Се вчитува....