9.8 C
Скопје
23:17 - 19 октомври, 2026

СЕКСУАЛЕН ПРЕДАТОР: Р. Кели може да добие 10 години затвор!

Пејачот е обвинет за сексуално вознемирување врз 6 жени, вклучително и некои малолетници. За обвинителот, Р. Кели би бил опасен сексуален предатор. 

Американскиот R&B пејач Р. Кели вчера беше опишан како „предатор“ од обвинителството, на првиот ден од тековниот процес против него во Њујорк за сексуална злоупотреба.

54-годишникот, особено познат по хитот „Верувам дека можам да летам“ (I believe I can fly”), се појави тивко и со наведната глава во судницата на федералниот суд во Бруклин, каде што му се судеше под обвинение за изнуда ,  сексуална експлоатација на деца, киднапирање и корупција во период од 1994 до 2018 година.

Според обвинението, добитникот на три Греми награди во 1998 година бил водач на „мрежа“ која регрутирала и обучувала млади девојки да имаат секс со него, заклучувајќи ги во хотелските соби кога тој бил на турнеја и барајќи од нив „да ја наведнат главата“ и да му „зборуваат“на „папи“ („тато“).

Пејачот е обвинет за злоупотреба на шест жени, од кои некои се и малолетни.

„Зборуваме за предатор. Човек кој со децении ја користеше својата слава, популарност и мрежа на луѓе за да ги таргетира и искористи младите девојки и жени за да ги задоволи своите сексуални желби “, рече обвинителката.Марија Круз Мелендез.

Доколку поротата, составена од седум мажи и пет жени, го прогласи за виновен за сите обвиненија, на Р. Кели му се закануваат 10 години затвор. Останува само да се почека исходот од судењето, додека пејачот Р. Кели се изјаснил за невин.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....