15.7 C
Скопје
19:13 - 19 октомври, 2026

Се роди нова љубов: Лили Роуз Деп и Остин Батлер фатени на дело! (ФОТО)

Манекенката и актерка беше фотографирана со колегата Остин Батлер, поранешен на Ванеса Хаџенс. Изгледа дека љубовта процвета меѓу двајцата!

Има нова љубов во срцето на Лили-Роуз Деп. 22-годишната манекенка и актерка, ќерка на Џони Деп и Ванеси Паради, беше фотографирана на улиците во Лондон со Остин Батлер, американски актер најпознат по учеството во некои телевизиски серии.

Не станува збор за обична прошетка со пријателот: двајцата беа овековечени како се бакнуваат откако вечераа заедно во ресторан во центарот.

Пристигнувајќи заедно во лимузина, според Дејли Мејл која ги објави ексклузивните снимки, тие излегле два часа подоцна, ептен вљубени.

Веста за оваа љубовна приказна веднаш ги обиколи социјалните мрежи, но засега нема официјална потврда, портпаролите на двајцата се зацврстија зад коментарот: „без коментар“.

Она што е сигурно е дека приказната, доколку се потврди, би била навистина неодамнешна, зашто и Лили-Роуз и Остин неодамна станаа „сингл“. Таа беше во врска со колегата -глумец Тимоти Шаламе. Двајцата беа заедно околу една година, а во априлското издание на британски Вог, таа се нарече себеси „сингл“, ставајќи крај на гласините за раскинување што кружеа со недели.

Поранешната љубовна приказна на Батлер пак, траеше речиси девет години со глумицата Ванеса Хаџенс. Двајцата актери раскинаа во јануари 2020 година, кога веста за збогувањето ја потврди извор близок до парот во списанието „Пипл“. И за Деп и за Батлер се чини дека е време да ја свртат страницата засекогаш. Заедно.

 

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....