07:25 - 28 ноември, 2026

Се породи сопругата на Огњен Амиџиќ: Мина роди син

Водителката Мина Наумовиќ се породи и на свет донесе синче.

Огњен Амиџиќ стана татко по вторпат. Тој во текот на ноќта ја однел сопругата Мина во породилиште, а таа се породила утрово.

Да потсетиме дека Огњен и Мина се запознале додека работеле на неговото долгогодишно тв-шоу, а раѓањето на детето е круна на нивната љубов.

Тие неодамна далеку од очите на јавноста го кажаа судбоносното „да“.

– Вистина е, се венчавме. Сакавме тоа да биде без бучава и да го задржиме чинот за себе. Ние веќе го живеевме бракот, сега е само на хартија. Сакав Мина да го има истото презиме како мене и сега го носи моето презиме – изјави тогаш Огњен за српски Блиц.

Ова е прво дете на Мина, додека популарниот водител го има синот Матија од првиот брак со манекенката Данијела Димитровска.

Огњен Амиџиќ и Мина одбраа необично име за синчето: Потекнува од словенската митологија

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....