04:02 - 9 ноември, 2026

Проблеми во рајот на Џорџина и Роналдо: „Прашање на денови е кога ќе се разделат, доста му е!“

Извори веќе извесно време тврдат дека врската на славната двојка не е најдобра, и покрај тоа што сè изгледаше совршено во серијата „Јас сум Џорџина“ на Џорџина Родригез која се прикажува на Нетфликс. Очигледно, на Кристијано му е преку глава од нејзиното „себично“ однесување.

По најновите тензии во нивната врска, се погласни се шпекулациите дека Кристијано Роналдо (38) и Џорџина Родригез (29) ќе се разделат.

„Ова го кажувам со месеци. Не им оди, а веројатно е дека ќе раскинат. Реалноста е дека на Кристијано му е преку глава од неа. Тоа е реалноста. Се уште тврдам дека нема да има свадба – изјави португалскиот водител Лео Каеиро.

Џорџина по објавувањето на серијата беше мета на бројни критики дека се „фали“ со својот луксузен живот, а врската со Роналдо секогаш ја опишува како многу блиска. По нивното преселување во Саудиска Арабија се зборуваше дека парот можеби ќе се венча по седум години врска, бидејќи тамошните закони не дозволуваат соживот под ист кров ако парот не е венчан, но тоа не се случи.

– Во божји очи сме венчани, мене само тоа ми е важно – прокоментира еднаш убавата Аргентинка.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....