10.8 C
Скопје
06:04 - 8 септември, 2026

ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА САКАЛА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО ХОЛИВУД: Кои биле нејзините планови?

принцеза дијана

Пред неколку дена беше годишнината од смртта на никогаш непреболената принцеза Дијана.

По повод годишнината од нејзината смрт, близок соработник и вокален тренер на принцезата, Стјуарт Пирс откри дека Дијана имала голема желба да се пресели во Калифорнија, поточно во Малибу, со своите синови, принцовите Хари и Вилијам, и дека сакала да се „проба“ во светот на филмот.

Таму, вели Пирс, сакала да живее со синовите и партнерот Доди Фајед. Имено, пред нејзината смрт, таа тајно започнала да гради кариера во Холивуд. Не сакала да биде актерка, сакала да се занимава со работите зад камерата.

Фото: Profimedia

„Во главата имаше голем број големи проекти. Но, нејзината најголема желба беше да снима документарни филмови и планираше да помине многу време во Холивуд. Почна да ја користи својата креативна моќ“, вели Пирс.

За време на нејзиниот живот, Дијана се спријателила со продуцентот Дејвид Путнам, кој ѝ помогнал да дојде до деловни врски во Холивуд.

„Дејвид ја упати на неколку луѓе со кои требаше да контактира есента во 1997 година, но за жал таа не ги одржа тие состаноци“, тврди блискиот соработник на Дијана.

Наводно ѝ била понудена улога во продолжението на „The Bodyguard“ но таа не била заинтересирана.

„Иако беше љубител на изведувачките уметности, особено танцот, таа не сметаше дека актерството е вистинскиот избор за неа“, вели Стјуарт.

Фото: Profiemdia

Пирс, открил дека Дијана била многу комуникативна личност.

„Нејзината комуникација секогаш беше целосно отворена и ѝ беше многу лесно да оствари контакт со големи уметници“, изјави тој за „ДЕЈЛИ МЕЈЛ“.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....