10.8 C
Скопје
01:43 - 24 април, 2024

Приказната под чаршавите на кралот Чарлс Трети и Камила: Колку повеќе ги разделуваа, толку стануваа сè поблиски цели 51 година

Кога двајцата се вљубиле во 1970-те, идниот крал не можел да ја венча Камила само затоа што таа не била девица, а кралицата за да го оттргне Чарлс од девојката за која тврдел дека е љубовта на неговиот живот, го исратила со месеци на воена мисија на Карипското Море. И тоа, и сите идни обиди за оттргнувања, ќе бидат безуспешни.

Случајот наречен „Тампонгет“ ги открива сексуалните желби и фантазии на Чарлс за Камила, од сензуалност до речиси вулгарност, во детали. Јавноста е шокирана токму од деталите. Така, Камила се разведува од Ендру, а само малку подоцна и Чарлс од Дијана.

Чарлс и Камила се сакаат цели 51 година, и нема сомнеж дека станува збор за вистинска, длабока љубов. Никогаш не постоел начин да ги разделат, сите искушенија заедно ги надминаа, дури и во најтешките мигови кога сите прогнозираат дека таа, сепак, ќе мора да си замине од неговиот живот. Нивната љубов не била на прв поглед. Чарлс и Камила се запознале во 1971 година, кога тој имал 22 години, таа 23, преку поранешна девојка на Чарлс, Лусија Санта Круз, ќерка на чилеанскиот амбасадор во Лондон. Камила тогаш не била слободна, била свршена со Ендрју Паркер-Боулс. На првата средба, на поло натпревар, таа му рекла на идниот престолонаследник: „Се вели дека мојата прабаба одамна била љубовница на Вашиот прадедо Едвард VII: што мислите, има ли вистина во тоа?“. Таа реченица, а и оние кои следувале, биле доволни за Чарлс да сфати дека запознал многу поразлична девојка од оние со кои е навикнат да се дружи, слатки и покорни, кои паѓаат пред неговите нозе поради неговата титула.

Камила е сигурна во себе, малку се шминка, не се облекува женствено, има однесување на момче, или барем ги има истите страсти со Чарлс: лов, кучиња, коњи, село, Хектор Берлиоз, ист вкус за музика, и сака виски. Но, за Камила, Чарлс на почетокот е само трофеен пион со кој може да му се одмазди на својот Ендру за роговите кои претходно ѝ ги набил.

Излегувања во тројка

Од првата средба меѓу чаршавите до првото излегување, поминало многу малку време, а Чарлс веќе бил вљубен. Сепак, се чувствувал премногу млад за да ја официјализира врската. Штета што веќе сè за нив знаеле во Палатата и веќе имале подготвено досие за Камила, која немала можност да се приклучи на кралското семејство не самот затоа што не е благородничка и што е една година постара од принцот, туку зашто ѝ недостасува основното барање како сопруга на иден крал: Камила не е девица! Затоа, иако станува збор за 70-те години, нивната врска била сфатена како „искуство од љубопитност“ за Чарлс, и ништо повеќе.

Но, Чарле е веќе многу вљубен, па затоа го испраќаат со месеци на воена мисија на Карипското Море. Тој ѝ пишува на Камила секој ден, но таа е пореална дури и од кралицата: знае дека го нема „реквизитот“ за влез во кралското семејство, сака да има свој живот, па се мажи за Ендрју Паркер-Боулс.

Кога Чарлс дознава дека Камила се мажи (а дознава зашто таа му испраќа покана за свадба), паѓа во депресија. Тагата ја лечи од кревет во кревет со различни убавици, меѓу кои и Џејн Прист, австралиска манекенка, со која завршува на насловните страници на весниците. Во 1980 година, Чарл излегува со Сара Спенсер, постарата сестра на Дијана, благородна девојка, но сепак и таа не е девица. По вообичаеното прецизно досие, кралското семејство ја идентификува токму Дијана како совршена сопруга за Чарлс. Во меѓувреме, тој никогаш не го прекинал контактот и средбите со Камила, која веќе има две деца со Ендру, Лора и Том, а самиот Чарлс станува кум на Том.
Во 1981 година Чарлс се согласува да се ожени со Дијана („тоа е моја обврска и моја должност“). Камила сака да ја запознае. Чарлс ѝ го овозможува тоа. Така, новиот пар излегува неколку пати заедно со Камила. Чарлс се ожени со Дијана носејќи ги манжетните што Камила му ги подари, но и скапоцена нараквица на која се изгравирани буквите Г и Ф, иницијалите на Гледис и Фред, нивните кодни имиња. Дијана знае за тоа, и молчи. Камила пак, е на личната листа на поканети гости од принцот Чарлс да биде присутна на кралската венчавка.

Објавениот еротскиот разговор – причина за развод

По раѓањето на неговиот втор син Хари, Чарлс повеќе не живее со Дијана во палатата, туку во Хајгроув, кралска резиденција на село и на неколку километри од Камила. Кризите и очајите на Дијана се добро познати, но Дијана никогаш не успеа да го задржи Чарлс, на ниеден начин, станувајќи толерантна кон неговите промени во расположението и видливото отсуство на љубов и интерес кон неа.

Неискусната Дијана никогаш не успеала да го „полуди“ Чарлс во кревет како што знаела Камила! Во 1993 година, списанието „Пипл“ ги објави транскриптите од телефонскиот разговор помеѓу Чарлс и Камила. Случајот наречен „Тампонгет“ ги открива сексуалните желби и фантазии на Чарлс за Камила, од сензуалност до речиси вулгарност, во детали. Јавноста е шокирана токму од деталите. Така, Камила се разведува од Ендру, а само малку подоцна и Чарлс од Дијана.

Кога Дијана почина во сообраќајна несреќа во 1997 година, времињата беа најмрачни токму за Чарлс и за Камила. Британката јавност и кралското семејство беа против нив, но тие двајцата не се напуштаа. „Со Камила не може да се преговара“, Чарлс одговара на наредбите на кралицата да ја остави да си оди. Поради тоа, тој една година не зборува со мајка си. Камила пак, оди да живее со него во Хајгроув. Дури во 2000 година кралицата се согласи да се сретне со Камила, но не и да разговара со неа. Првиот јавен бакнеж на Чарлс и Камила беше во 2001 година. Се вели дека неговите деца, Вилијам и Хари, ја притискале нивната баба да ја прифати Камила, а кралицата на крајот попуштила. Чарлс и Камила се венчаа на 9 април 2005 година.

Љубовни изливи на урду јазик

Тој интимно ја нарекува Камила „моја мехбуба“, „моја сакана“, на урду јазик. За 17 години брак, никој не знае за меѓусебни предавства, иако се шпекулираше дека Чарлс двапати се „залетал“, еднаш по маркиза, вторпат по австриска вдовица.

Приказната за тајниот син на Чарлс и Камила, која по смртта на кралицата стана особено актуелна во Британија, не може да биде вистинита поради фактот на датумите. Имено, Австралиецот Сајмон Доранте-Деј – кој со години, а особено по смртта на Елизабета Втора, на социјалните мрежи се преправа дека е нивен син – тврди дека живеел со својот татко Чарлс и мајка му Камила осум месеци пред да им биде доверен на неколку слуги кои емигрирале во Австралија. Но, Сајмон Доранте-Деј има 57 години, тој е роден во 1965 година, кога не само што Чарлс и Камила не се познавале, туку биле двајца тинејџери, тој има 17 години, а таа 18 години.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....