01:04 - 28 ноември, 2026

ПОСЛЕДНИТЕ ПОРАКИ НА БОБ САГЕТ: Вдовицата низ солзи ги сподели со фановите -„ Бескрајно те сакам…“

Кели Ризо, трогната, ги споделува со обожавателите на нејзиниот сопруг слатките пораки што и ги испратил пред да почине. 

Кели Ризо, вдовицата на Боб Сагет, во едно интервју ги открила последните пораки што ги напишал нејзиниот сопруг пред неговата прерана смрт.

Сагет почина пред неколку недели, на 9 јануари, на 65-годишна возраст. Двајцата се венчаа во октомври 2018 година. Боб беше американски стенд-ап комичар, актер, ТВ водител и режисер познат по неговите телевизиски улоги.

фото јутјуб

Кели во телевизиско интервју за „Тудеј“ се отвори за емотивната природа на ѕвездата. Потоа ги прочита последните пораки добиени од нејзиниот сопруг. „Те сакам бескрајно“. А потоа напишал: „Едвај чекам да се видиме утре“.

Ризо, читајќи ги пораките, повремено правеше пауза за да се „собере“ и да си ги избрише солзите. Во истото интервју го опиша Боб Сагет како „најдобриот човек што некогаш сум го сретнала во животот“. Во неговите последни месеци, рече Ризо, Сагет „беше многу среќен и… воодушевен што се врати на турнеја, правејќи го она што најмногу го сакаше: кабарето“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....