32.8 C
Скопје
15:26 - 8 септември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температури до минус 20, сибирски студ, еве кога!

– Како што најавивме, утре, како и во текот на следните денови, под влијание на МНОГУ СТУДЕНАТА воздушна маса која се спушта од север, времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена облачност. Повремено и локално ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за локално провејување на снег. И понатаму ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе бидат ОСОБЕНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -5 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат дури и до околу -20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Максималните дневни исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во најтоплите предели максималните дневни температури ќе се искачат до околу 5 степени.

Според Попоски и во Скопскиот регион, утре, како и во текот на следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повремено ќе има повеќе облачност кога ќе има мали услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу -1 и 3 степени. НАПОМЕНА: Во следниот период поради ЕКСТРЕМНО НИСКИТЕ температури ќе има појава на голомразица, па затоа на возачите им препорачуваме да возат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО.

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....