14.8 C
Скопје
23:04 - 2 мај, 2024

Поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ реагираше на веста за нејзината бременост: „Со денови не можеше да дојде при себе…“

Регионалните медиуми не престануваат да брујат за бременоста на омилената српска актерка Анѓелка Прпиќ, која наводно го чека своето второ дете.

Според извори блиски до актерката, нејзиниот нов партнер и татко на детето е најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ. Станува збор за другар на Дарио од средно, кој ги изненадил нивните заеднички пријатели.

„Анѓелка е бремена петти месец, а таткото на детето е многу добар пријател со нејзиниот поранешен сопруг. Дарио требаше да му биде кум на свадбата со жената со која беше 11 години, но бидејќи раскинаа, до свадба и кумство не дојде“, открил изворот за српски Курир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Наводно поради Анѓелка ја оставил својата партнерка со која бил во врска 11 години. Раскинувањето се случило во март годинава, а се претпоставува дека тој и актерката се заедно од тогаш.

Да потсетиме, Анѓелка со тогашниот сопруг Дарио Прпиќ доби син во 2012 година, а решија да се разведат во 2020 година. Анѓелка и Дарио се венчаа во 2011 година.

Веста за бременоста на актерката се појави откако на социјалните мрежи се појави фотографија од настанот на кој актерката е со видливо заоблен стомак, а набргу потоа се појави информација дека таа веќе е во петтиот месец.

„Ве молам, не ми се јавувајте поради глупост“, им рече Анѓелка на српските новинари кога беше замолена да ги коментира последните настани.

Според Курир, сопругот на актерката бил многу љубоморен на нејзините машки колеги со кои соработувала од самиот почеток на бракот и тоа била главната причина за развод. Најпрвин му пречел глумецот Драган Миќановиќ од серијата „Жените од Дедиње“, но и Андрија Милошевиќ поради серијата „Андрија и Анѓелка“. Но се зборува дека на крајот на бракот пресудила и аферата на Дарио со српската старлета Ава Карабатиќ.

– На Дарио не му ни паѓаше на памет дека Анѓелка ќе влезе во врска со човек со кој со години се најдобри пријатели. Тие дури требаше да бидат кумови. Со години доаѓа кај нив дома. Не можеше ни да помисли дека освен пријателство, може да има нешто со поранешната сопруга Анѓелка, поради која ја оставил девојката со која бил во врска 11 години. Кога една блиска личност му кажала дека се заедно неколку месеци и чекаат дете и дека сè кријат од него, останал шокиран. Со денови не можеше да дојде при себе. Воопшто не се сомневаше дека се работи за лага или озборување, бидејќи оваа личност е многу блиска со Анѓелка и детално е запознаена со нејзиниот живот“, вели изворот за срски Курир.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....