15:22 - 7 ноември, 2026

Попоски предупредува на страшно невреме, поплави и лизгање на земјиштето му се закануваат на Балканот

– Од денес, па се до 18 мај, на повеќе места низ регионот постои опасност од појава на поплави и лизгање на земјиштето, како и значително покачување на нивоата на реките. Интензивни врнежи од дожд се очекуваат речиси во сите држави од регионот, и тоа поради влијанието на моќниот циклонски систем и тоа со центар над Средоземјето и над Италија.

Најголема опасност од појава на поплави и на лизгање на земјиштето постои во Бихаќ (Босна и Херцеговина), Сплит и во Мостар. Локални поројни поплави се можни и на другите места во регионот, а локално се очекува да наврне дури и над 200 л/м2 воден талог.

Локално има услови и за појава на ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ.

На следната метеоролошка карта можете да погледнете колкаво количество на воден талог се очекува до 18 мај во регионот:

Граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради овој моќен циклонски систем. Да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и нашите сограѓани, и тоа доколку патуваат во регионот.

Поинтензивни врнежи се очекуваат и во Македонија до 18 мај, каде локално, и тоа особено во западните предели се очекува да наврне до околу 50 л/м2 воден талог, а можно е и локално НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Температурите ќе бидат без промени, односно остануваат повисоки и тоа поради јужното воздушно струење.

Погледнете го очекуваното количество на наврнат воден талог во Македонија до 18 мај вечерта:

Да напоменеме дека поради изразеното јужно воздушно струење, во следниот период од Сахара, кон Македонија и регионот ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена.

Инаку и метеоролозите од регионот предупредуваат на вакви временски непогоди и поплави- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

 

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....