21:16 - 9 ноември, 2026

Попоски најавува нова поголема промена на времето: Врнежи, грмежи и засилен ветер, еве кога

– До недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите наутро ќе бидат многу пониски за разлика од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 19 степени, во Скопје до околу 15 степени, максималните температури пак особено за време на викендот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, во Скопје до околу 32 степени.

Во понеделник под влијание на влажна и посвежа воздушна маса од север, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите повторно ќе се намалат и максималните дневни ќе се икачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје до 25 степени.

Потоа од вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво со свежи утра, а преку денот ќе бида пријатно топло- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....