13.8 C
Скопје
10:49 - 20 октомври, 2026

Попоски најавува: Нагло и големо затоплување, еве кога

– По најавеното НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето кое ќе услови локално провејување на снег и во некои пониски места на север и запад од Македонија, но и СИЛЕН северен ветер со брзина од над 70 км/час, за време на викендот кој ни доаѓа, но и во првите денови од следната седмица ќе имаме НАГЛО и ГОЛЕМО покачување на максималните дневни температури на воздухот.

Веќе од викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека во текот на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 22 степени.

Овие НАГЛИ и ГОЛЕМИ промени во температурите МНОГУ ЛОШО ќе влијаат особено врз метеопатите, па така во следниот период тие ќе чувствуваат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (проблеми со притисокот, повремена главоболка, нервоза но и поспаност, а кај некои и несоница). Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја пијат препишаната терапија од истиот.

Инаку со овој бран на студ и влажен бран на повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка (на повисоките планини и до околу 20 цм нов снег, додека на местата со надморска височина до околу 1000 метри до околу 10 цм снег, ова особено важи за западните предели од Македонија каде врнежите се најинтензивни).

Од петок во Македонија следува период на стабилно, суво и претежно сончево време. Ветерот од северен правец кој ќе го имаме во Македонија, од петок ЗНАЧИТЕЛНО ќе ја намали својата брзина – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо
Се вчитува....