21:46 - 9 ноември, 2026

(Видео) Џастин Бибер за болеста со која се бори: „Исус е со мене среде бурата“

Oбјавувајќи ја својата приказна на Инстаграм во средата, хитмејкерот на „Peaches“ сподели видео во кое може да ги движи двете страни на лицето.

Џастин не можеше да го направи тоа движење минатата година.

„Почекајте“, им напиша тој на своите 281 милион следбеници на платформата.

Во краткиот клип, Бибер ги мрда очите од страна на страна, ги крева веѓите и се насмевнува додека во позадина слуша „Ice T“ од Темс.

Рамзи Хант синдромот се карактеризира со болен осип во близина на увото, на лицето или на устата.

Џастин откри дека боледувал од синдромот од минатиот јуни. Во тоа време, двократниот добитник на Греми рече дека за опоравувањето „ќе биде потребно време“ и дека се бара од него да прави различни вежби за лице. Дијагнозата го натера да ги одложи датумите за неговата светска турнеа „Justice World“ минатата година.

„Сакав да споделам малку за тоа како се чувствувам. Секој ден станувам подобар“, објасни тој во видеото на Инстаграм.

Бибер истакна дека неговата „перспектива“ исполнета со вера за неговата здравствена ситуација му дала „мир за време на оваа ужасна болест“.

„До овој момент во мојот живот сфаќам дека бурите доаѓаат и си одат“, напиша тој на објавата, додавајќи дека „Исус продолжува да ме потсетува дека е со мене среде бурата“.

Пејачот беше забележан како присуствува на забавата на Оскарите во неделата навечер.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....