17:07 - 9 ноември, 2026

Попоски најавува колку последователни дена ќе бидеме без дожд: „Мини лето“ одлично за правење зимница

– Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, во следните десeтина денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина, и ќе биде од променлив правец.
Пред нас е доста долг период на сушно време и на “мини лето”, но со свежи ноќи и утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, а во почетокот од следната седмица утрата ќе бидат уште посвежи и температурите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени.

Сепак преку денот максималните дневни температури ќе бидат пријатни и околу просекот за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме долг период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.

Ова прекрасно време максимално искористете го за уживање, или пак за правење на зимница – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....